Вака ли зборува “диктатор”? Денот на работниците ќе биде тогаш кога луѓето ќе се ослободат од робовладетелите!

393
Гадафи бил убиен затоа што знаел што е слобода

Полковникот Моамер Гадафи владеел со Либија повеќе од четири децении, а власта ја преземал на возраст од само 27 години, во 1969 година, со соборување на кралот Идрис. Младиот Гадафи и неговите колеги од армијата извршиле воен удар, ја укинле монархијата и прогласиле Либиска Арапска Република. Народот го поздравил со воодушевување. Двапати без успех се обидувале уште во првата година да го соборат од власт.

Последните обраќања на убиениот Гадафи, ги заинтригирале светот, бидејќи тие не биле вообичаени пораки до јавноста, туку за шокантните “пророштва” кои светот ги игнорирал, сѐ до сега кога сè што кажал, не се исполнило. Гадафи своето морничаво пророштвото за Европа го изнел во последното интервју во март 2011 година, кога вооружените бунтовници поддржани од НАТО гранатите воделе војна против него.

“Слушајте ме сега, вие луѓето од НАТО! Го бомбардирате ѕидот што стои на патот на мигрантите од Африка кон Европа и терористите на Ал Каеда. Тој ѕид е Либија. Вие го скршивте. Вие сте идиоти, и ќе горите во пеколот поради илјадници и илјадници мигранти од Африка, како и заради поддршката на Ал-Каеда. Тоа ќе биде така. Јас никогаш не лажам. Не лажам ниту сега”, напиша Гадафи во отвореното писмо објавено во рускиот дневен весник „Zavtra.ru“ во мај 2011 година, неколку месеци пред да биде брутално убиен. Неколку години подоцна, тоа и се случи.

По повод Први мај 1982 година, пораката на работниците во целиот свет укажува на една интересна работа. Гадафи бил свесен за она што се случува со светот, а постои и голема можност дека неговиот отпор на глобалистите и “диктаторите” од сенка пресудиле за неговиот живот. Бидејќи знаеме дека кој и да му се спротивстави на Западот, уништен е, и обвинет!

Гадафи бил убиен затоа што знаел што е слобода

Еве која порака им ја испратил на работниците од целиот свет, па сами донесете заклучок дали овој говор е “диктаторски”, или не им одговарал на робовладетелите на денешното време:

“Денес го славиме Први мај, Меѓународниот ден на трудот – но вистинскиот “ден на работниците” ќе биде оној кога сите работници на светот ќе се ослободат од робовладетелството и кога ќе станат партнери, а не вработени кои работат за плати. Тоа ќе биде Меѓународен ден на ослободувањето на работниците и навистина ќе заслужи да се слави во целиот свет.

Какво е значењето на прославата денес, кога работниците во секој дел од светот и понатаму се покоруваат на платите кои ги контролираат нивните животи и нивната слобода? Дали лицето навистина може да биде слободно ако е принудено да му биде роб на некој друг? Дали има некакво значење во животот на човекот, ако сите негови материјални и основни потреби, дневни и месечни примања, како и животот на неговите деца – се во рацете на некој друг?

Слободата на човекот не може да биде целосна сѐ додека тој не е ослободен од сите форми на експлоатација и угнетување, без разлика од која насока да доаѓа. Слободата може да се случи само тогаш кога поединецот има целосна контрола врз сите свои потреби, бидејќи никогаш нема да може да биде слободен сѐ додека барем една од овие потреби е во рацете на некој друг.

Вистинската револуција ги елиминира сите форми на експлоатација на кои се изградени експлоататорски општества, вклучувајќи го и либиското општество во тој момент. Основите на експлоатацијата, кои на либиското население денес ја лишува слободата, мора да бидат уништени.

Браќа … револуцијата не е државен удар, ниту преземање политичка функција на една група за да биде предадена на друга група, вистинската револуција ја обвинува базата на репресијата над општеството и ја отстранува.

Таа го напаѓа бастионот на експлоатацијата и го уништува, тоа е вистинска револуција.

Револуцијата ја осудува репресијата во однос на контролата на средствата за производство, како и нефер односите меѓу луѓето – револуцијата која ги уништува овие односи, само тоа е вистинска револуција.

Секое движење за промени, кое само ги презема фотелјите на моќата од друга група, се расфрла со слогани и го остава коренот на експлоатација во општеството непроменет – тоа е фашистички удар, движење со ограничени цели, движење без историско влијание врз животите на луѓето.

Секаде човекот копнее за слобода и подготвен е да умре за слобода. Целата своја историја луѓето се борат за слобода, за да можат да живеат во среќа, бидејќи за да човекот биде среќен, пред сѐ треба да биде слободен. Човекот мора да се бори против оние кои го поробуваат – мора да биде слободен во животот, слободен да јаде она што сака, да се облекува како што сака, слободно да живее како што тој сака … тоа е слободен човек кој живее во среќа.

Во светот имаме реформативни и површни обиди да се задоволат работниците, да им се даде малку партиципација во управувањето или сопственоста, да им се даде дел од профитот или да им се зголемува минималната плата. Сите тие напори имаат една заедничка илузија, и на крајот целта е да ги измами работниците.

Работниците како учесници во управувањето

Свесен човек не ги прифаќа овие лажни обиди на реформи и сфаќа дека тoа се обиди кои ќе завршат како целосен неуспех. Работникот не треба да биде учесник во управувањето, тој мора да е менаџер. Работниците треба целосно да го преземат управувањето.

Затоа што, ако најдобра позиција за работниците во денешниот свет е само учеството во управувањето … тогаш ајде да се обидеме да дефинираме кој е, всушност, менаџер. Тој е оној кој ги експлоатира работниците и при тоа ги експлоатира на начин што им овозможува да учествуваат во управувањето. Само работниците можат да бидат менаџери, единствено на тој начин можат да бидат слободни.

Работниците формираат огромно мнозинство во светот и затоа имаат право на слобода и среќа. Кој вели дека работниците мора да живеат под експлоатација засекогаш? Тие мора да станат менаџери – без партнери. Лажните режими денес глумат дека се прогресивни, затоа што на работниците им даваат дел од профитот, но од каде доаѓа? Работниците имаат апсолутно право на сиот профит, затоа што профитот е резултат на нивната напорна работа во процесот на производството.

Со обезбедување на овие социјални бенефиции, директно или индиректно, има обид работниците да заборават на фактот дека сиот профит им припаѓа ним и само ним.

Работникот е производителот и правото на производителот е да ги троши своите производи … но, не е така, работниците произведуваат, а другите ги консумираат нивните производи, додека на работниците им остануваат само остатоците.

Сѐ додека работниците не ги преземат сите точки на производството и сѐ додека сиот профит, не биде само во нивните раце, и понатаму ќе бидат експлоатирани.

Овој повик за ослободување на работниците од целиот свет доаѓа од Либија, првата светска Џамахирија. Тоа ќе биде денот на ослободувањето, кога либиските работници ќе станат менаџери, а не работници за плати. Тоа ќе биде ден вреден за историска прослава.

Без делегација во одбрана на слободата

Резолуција на националната конференција донесе одлука за зголемување на минималната плата во Либија. И покрај фактот дека на Националната конференција се донесе одлука во согласност со моменталната ситуација и фактот дека одлуката беше поддржана од страна на Националниот совет и другите совети во Либија, на овој начин ви порачувам дека нема зошто да го прославувате зголемувањето на минималната плата, и дека не треба да бидете задоволни со поделбата на добивката или со учеството во управувањето – револуцијата мора да продолжи сѐ додека работниците целосно не преземат комплетна контрола над управувањето на сите компании и институции во кои работат денес.

Работници, било која корист која ја добивате преку резолуции или законски одлуки е услуга која ви ја даваат другите. Слободен човек не може да живее ако должи некому, затоа што тогаш е инфериорен.

Придобивките кои ви ги даваат разни резолуции и законски решенија секогаш можaт да ви бидат укунати од страна на оние тела кои ви ги дале, или тоа тело може да се замени со друго тело, кое повторно ќе ви ги одземе тие бенефиции. Вистинските придобивки ќе ги добиете само со популарната револуција и кога ќе го преземете управувањето, таму каде што работите сега.

Во арапските земји кои некогаш биле прогресивни, или во која било друга земја во светот, работниците ги загубиле сите бенефиции, затоа што се распаднала револуционерната администрација или била заменета со некоја нова. Никој нема да ви даде слобода, ќе мора да се изборите за неа вие самите, па дури и по цена на смрт.

Движењето во кое учествува и либискиот народ мора да се движи според оваа историска цел, за да се создадат услови за нова цивилизација. Вработените треба да бидат добро организирани. Крајно време е работниците со револуција да се ослободат од своите експлоататори.

Уништување на базата на експлоатација – пат кон слобода

Кој ве осуди на сиромаштија и заостанатост? Кој ве осуди да бидете угнетувана класа спрема другата супериорна класа? Кој одлучи да ги преземе сите вашите потреби? Се разбира, не е Бог … Бог е праведен. Тој никогаш не би ве осудил на таква мизерија. Здружението на изнајмување и експлоатација ве остави тука, а базата на тој систем треба со револуција да биде размонтирана, со цел да се дојде до слобода.

Дојде време и ментално да се подготвите за тоа – да го преземете целото производство, сѐ да биде само во ваши раце.

Овие нови пароли ви ги давам да размислите малку за нив. Овој повик, повикот за ослободување и слободата на работниците мора гласно да се одгласи од Џамахирија, толку гласно да го слушнат сите работници на светот.

Кога ќе ги преземете сите овластувања и ќе ја извршите својата револуционерна мисија, тогаш и другите работници низ целиот свет ќе се угледаат на вас, и тие ќе ги преземат своите средства на производството.

Сите сиромашни и експлоатирани работници на оваа арапска земји мора да станат слободни. Кога работниците ќе се ослободат, тие ќе бидат вистински господари на оваа земја … и тие ќе бидат сила која ќе се брани од секој непријател.

Затоа, на овој ден ви ја испраќам оваа порака – кога работниците ќе бидат целосно сопственици, кога ќе консумираат она што произведуваат, и кога тие ќе ги контролираат сите фази на процесот на производството, тогаш навистина ќе можат да го слават овој ден.

Работниците во Либија мора да ја остварат оваа мисија, и да не обрнуваат внимание на пропагандата. Вашата револуција не смее да даде никакви изговори за непријателите на работниците.

Верувам дека вие можете да го направите тоа, можете да се организирате и да не им дадете шанса на непријателите на работниците. Кога ќе го постигнете тоа ќе им покажете на експлоататорите, реакционерите, империјалистите и непријателите уникатна ситуација која се случува во Либија.

Ви го порачувам сето ова за да ја преземете одговорноста врз себе. Јас ве уверувам дека е моја должност, како и обврска на моите колеги, исклучиво да ја водам револуцијата за да и самите учествуваме со вас во ослободувањето и за сите заедно остатокот од живот да го живееме во среќа”.

– Моамер Гадафи.

loading...