Вампирски еликсир на младоста | Тинејџерската крв серум на долговечноста на алчната елита!

3130
Booking.com INT

Со години интернетот изобилува со статии во кои се наведува дека крвта на малолетниците (па дури и деца), е главниот извор на младоста и долговечноста на психопатската елита.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Интернетот е преплавен со статии за принесување човечки жртви, канибализам и почести скандали поврзани со елитни педофили и оние чија “забава” е како најлоша хорор приказна. Mainstream медиумите, таквите статии обично ги прозиваат за теории на заговор кои немаат никаква врска со вистината.

Но една “теорија на заговор” стана факт и тоа благодарение на објава на една научна работа за чија апликација супер-богата постара елита плаќала многу пари, бидејќи мисли дека конечно ѝ е на дофат еликсирот на младоста. Тоа е процесот на парабиоза, поточно уфрлање на крв од што помлади луѓе во телото на старците.

Во енциклопедијата се наведува дека парабиозата е заеднички живот на два организми кои се поврзани на вештачки (оперативен) начин, обично преку воспоставување → анастомоза помеѓу крвните садови. Парабиозата особено се применува во имунологијата и експерименталната ендокринологија, заради проучување на меѓусебно влијание на два организми. Најуспешните такви експерименти биле изведени на белите стаорци, а послужиле како појаснување на некои хормонални механизми и проблеми за прифаќање, одн. отфрлање на трансплантирани тумори. – Во природата анатомска и физиолошка поврзаност помеѓу два организми се среќаваат кај → сијамските близнаци.

Но, сепак модерната парабиоза се најде во фокусот на интересот на алчната елита дури по 2014 година, кога научникот невролог Tony Wyss-Coray објавил научна студија во списанието Science и Nature Medicine под име: Young blood reverses age-related impairments in cognitive function and synaptic plasticity in mice, во која открива дека со трансфузија на крв на младите глувци во телото на стариот глушец се намалиле дури и се поништиле ефектите на староста и геријатриската болест. Дополнителните студии откриваат дека постојани трансфузии на крв кај стари глувци предизвикуваат подмладување, регенерација на ткивото, враќањето на нормалната когнициска функција и секаква виталност.

Советникот на Трамп Jesse Karmazin веќе заработува на продажбата на крв од тинејџерите, и ги снабдува модерните вампири со нивниот еликсир на младоста.

По објавувањето на оваа студија, Jesse Karmazin ја активирал компанијата Ambrosia LLC која почнала да врши клинички испитувања на трансфузија на крвта на тинејџерите на старите лица и веќе има голем број на нетрпеливи супер-богаташи кои чекаат во ред за доза крв.

Vanity Fair објавил дека Ambrozia добива крв на тинејџери од легални банки крв и дека сега за сега работи со стотина супер-богаташи кои крвниот еликсир на младоста го добиваат на неколку месеци и плаќаат големи суми на пари за тоа.

 

Peter Thiel – модерен супер богат “вампир” кој е заинтересиран за продолжување на животот и спречување на стареењето со помош на парабиоза, поточно трансфузија на тинејџерска крв во неговото тело.

Peter Thiel, милијардер, основач на PayPal и советник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, околу крвниот еликсир на младоста за списанието Inc изјавил:

“Ме интересира парабиозата за која мислам дека е многу интересна. Научниците ја префрлиле крвта на младите глувци во старите глувци и откриле дека таквата крв има подмладувачки ефект. Мислам дека многу од овие работи не се доволно истражени.”

Првиот медиум кои сериозно се позанимавал со темната страна на парабиозата е Viceov Tonic. Во нивниот краток видео прирачник јасно е дадено до знаење како богати стари луѓе ја користат крвта на тинејџерите за да живеат подолго.

Ајде да го погледнеме видеото.

Новинарот на Vox Jeff Bercovici исто така, направил свое истражување и дошол до истиот заклучок. Тој ја интервјуирал технолошката елита на Силиконската долина во Калифорнија која признала дека е опседната со подмладување и продолжување животот. Peter Thiel без воздржаност му објаснил на Bercovici дека парабиозата има “големи можности”. Еве еден извадок од неговата статија:

Jeff Bercovici

“Во Силиконската долина нашироко циркулираат гласини дека науката за продолжување на животот е популарна опсесија, и дека многу богати луѓе од светот на технологијата веќе почнале со практикување парабиоза, трошејќи при тоа десетици илјади долари да добијат крв на тинејџери, и да ја повторуваат оваа практика неколку пати во годината.”

Bercovici го заклучил своето истражување со отворено сомневање дека високата побарувачка за тинејџерска крв го овозможува црниот пазар на крв, и дека гангстерите и мрачните организации би можеле да пристапат кон “вшмукување” на секоја капка крв на децата и тинејџерите кои ќе им паднат во рака.

Поради зголемената побарувачка на крв од сè помлади донатори, каде е границата на човечката алчност, без разлика дали модерните вампири ќе создадат друга индустрија за смрт во која децата бездомниците и бегалците ќе ги цицаат до последната капка крв за да психопатската елита живее уште неколку години?

Се разбира, нема ништо лошо во тоа, ако тинејџерите одлучат доброволно или со согласност на родителите да им ја дадат својата крв, тоа е благороден потег кој ги спасува животите, но ајде да се запрашаме: Во каков свет живееме и колку работи се чинат против слободната волја на луѓето, од продажба на децата и жените во човечки робови, до принудување децата на проституција и сѐ поголем тренд на убивање деца и млади за да нивните органи бидат продавани на црниот пазар?

Понеризираното човечко општество и психопатска елита не се воздржува од човечкото жртвување, најмногу во форма на војување, а сѐ со цел да добијат повеќе моќ и пари, како што природно се случувало и во минатото, а во некои случаи историските факти личат на хорор приказни. Познато е дека голем број британски монарси користеле т.н. “мртвачки лекови” да се излекуваат и да ја вратат виталноста. Charles II дури самиот ги подготвувал канибалските пијалаци, додека лекарите мртвачките лекови им ги подготвувале на Francisu I, Елизабета прва, William III и кралицата Mary. Слична страва практикувале шпанските и австро-унгарските монарси и нивното благородништво.

За некроманијата, некрофилијата, канибализмот и мртвачките лекови меѓу аристократијата на Европа, можете да дознаете повеќе од работата на др. Richard Sugga од Универзитетот Durham:

“Човечкото тело на долго и на широко се користело како терапевтски агенс во најпопуларните третмани кои користеле човечко месо, коски и крв. Канибализам не е само пронајден во Новиот свет, туку бил прилично чест и во Европа.”

Британски крал – Иван без Земја

Ако размислиме малку за овие зборови, тогаш не нè изненадува дека денешното британско кралско семејство е во директно сродство со оригиналниот “Дракула”, поточно со кралот на Влашка (дел од средновековна Романија) Влад Тепеш Дракула, а речиси сите американски претседатели се во сродство со најомразениот британски крал – Иван без Земја.

И покрај похотата (претерана, неумерена полова страст, еден од седумте смртни гревови) на модерните вампири за еликсирот на младоста, поточно тинејџерската крв, Tony Wyss-Coray, кој направил студија за крвната парабиоза на глувците, смета дека не постојат клинички докази за тоа дека третманот е ефективен, поточно, дека има некакви позитивни ефекти, и дека, всушност се искористува довербата на луѓето со зголемување на страста за истата.

VAMPIRSKI ELIKSIR MLADOSTI: Krv tinejdžera serum dugovječnosti pohlepne elite!

Автор: Ljubica Šaran

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...