Ванилин куп со вишни

354

Фино кремасто задоволство во чаша …

Потребно
1 л млеко
2 пудинга во прав од ванила
4 лажици шеќер
200 гр готов фил од вишни (Долчела)
2 лажици вода
2 лажици рум
2 лажици сок од лимон
1 ванилин шеќер
малку цимет во прав
100 мл слатка павлака
50 гр свежи вишни

Подготовка
– Пудинзите сварете ги според упатството на кесичките.

loading...

– Филот од вишни измешајте го со водата, румот, сокот од лимон, ванилиниот шеќер и циметот. Ставете го на рингла и оставете да почне да врие со повремено мешање.

– Во пошироки чаши до пола сипете од сварениот пудинг и оставете малку да се излади. Потоа распоредете го филот од вишни и на крај преостанатиот пудинг.

– Кога пудингот ќе се излади украсете со изматена слатка павлака и вишни.

Совет: Пред да го ставите врелиот пудинг во чашите, малку изладете ги за да не пукнат.

loading...