Вардете се од САЛМОНЕЛА лете | Ова мора да го знаете за да се заштитите

2116
Booking.com INT

Салмонелата не секогаш мора да се добие преку храна, а почеста е во лето, поради високите температури кои на оваа бактерија ѝ го овозможуваат развојот и ширењето. Обрнете внимание на овие работи да ја спречите заразата.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Салмонелата го сака летото и топлината. Тоа е болест на нечисти раце и може да се шири преку контакт, но може да се појави во термички послабо обработената храна каде што преживува.

Почесто се појавува летно време, бидејќи повисоките температури се во корист на развојот на бактериите во храната. Ако јадете надвор, многу е важно ладната храна секогаш да ја држите ладна, а топлата храна топла.

Тоа значи дека за време на жештините не треба да ја оставате топлата храна надвор ниту дома повеќе од еден час. По овој период веднаш чувајте ја во фрижидер. Ладната храна треба да остане ладна, за да се спречи развојот на бактериите на повисоките температури, па затоа за сите јадења на отворено добро е да се носи мал преносен фрижидер или кеси со контејнери за ладење.

За да спречите развој на салмонела во текот на летото, следете ги овие упатства:

  • Мијте си ги рацете многу често, колку што е можно повеќе. На децата посветете им поголемо внимание, и пред и после јадење измијте им ги рацете, особено ако јадат надвор и претходно си играле. По користење на сурово месо раката секогаш измијте ја со сапун и топла вода.

Погледнете го видеото: Како правилно да ги миете рацете?

  • Сѐ чистете веднаш  даски за сечење, ножеви, простор за работа во кујната.

Одделете го месото од овошјето и зеленчукот – и во фрижидерот и кога го подготвувате. На една даска сечете само месо, и на таа даска посветете ѝ поголемо внимание при чистењето (тоа значи, измијте ја со детергент и со топла вода, и уште еднаш во машина за миење садови на највисока температура), а на друга зеленчукот. Во фрижидер месото секогаш држете го на долната полица и во широк сад за да спречите да капе крв по блиските намирници.

  • Добро згответе ги сите намирници – добро испечете го и сварете го месото, а јајцата никогаш не ги варете “меко”, туку само тврдо. Не подготвувајте храна со недоварени јајца.

Не подготвувајте храна за други ако имате дијареа или повраќање. Ризикувате да ги заразите и другите.

  • Ризични групи – бидете особено внимателни при подготовка на храна за деца, бремени жени, хронично болни и постари лица, бидејќи тие се ранливи групи. Мијте ги рацете често кога подготвувате храна за нив.

Секогаш мијте ги рацете после менување пелени и собирање животински измет.

  • Избегнувајте полупечено месо од скара.

Одмрзнувањето и подгревањето на храната извршете го што е можно за покусо време без стоење на собна температура, советуваат од агенцијата за храна.

  • Заштитете ја храната од контактот со инсекти.

Уште неколку факти за салмонелата кои треба да се знаат:

  • Не се добива само од јајца и живина – иако обично се јавува во овие прехранбени производи, салмонелата може да биде и во друго месо, овошје и зеленчук – дури и во замрзнатите готови производи.

Салмонела можете да ја добиете и од јајца кои изгледаат совршено – често остатоците на пилешкиот измет можат да бидат извор на инфекција со салмонела. Куповните јајца се обично прилично чисти, но ако купувате или имате домашни јајца обрнете повеќе внимание на тој дел од јајцата и исчистете ги пред да ги користите.

  • Можно е да се инфицирате преку директен контакт со заразени животни – пилиња, кокошки, но, исто така, и со заразени мачиња и желки.

Некои луѓе се повеќе склони кон салмонела – иако секој може да ја добие, со поголем ризик се доенчињата и малите деца, стари лица и лица со ослабен имунолошки систем. Кај нив салмонелата може да биде причина за развој на други болести.

  • На секој еден случај на салмонела која се потврдува со тестирања, постои уште 30 непотврдени случаи, пишува американскиот Центар за контрола на болеста и превенција. Повеќето луѓе кои се отруени со храна не одат на лекар и затоа нема лабораториска потврда за изворот на инфекцијата. Затоа, експертите велат дека салмонелата е почеста отколку што знаеме.

А може да биде многу опасна – во повеќето случаи оваа болест трае 4-7 дена, а многумина оздравуваат без антибиотици. Но, во ретки случаи може да биде многу опасна.

  • Салмонелата најчесто се пренесува со рацете на инфицирани лица, со меѓусебно допирање на сурова и варена храна, заразен прибор за готвење, преку работната површина во кујната или држење храна во несоодветни услови на собна температура.
Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...