Вежбањето на трамболина опасно за жените

351

По појавата на се поголемиот број реклами за трамболината како справа која има бројни позитивни влијанија на здравјето, словенечки лекари сега предупредуваат дека не станува збор за безбедна справа и дека вежбањето на неа кај жените може да предизвика проблеми како уринарна инконтиненција, па дури и гинеколошки проблеми. 

За оние кои веќе имаат одреден здравствен проблем вежбањето на трамболина е најлош избор за физичка рекреација, тврдат доктори од љубљанската Гинеколошка клиника.

Повикувајќи се на резултатите од спроведено истражување, тие предупредија дека се изнесуваат спорни, па дури и неточни информации за наводно корисните вежби на трамболина, оти во рекламите се наведува дека трамболината е корисна за стабилизирањето на крвниот притисок, намалувањето на телесната тежина, за подобра телесна координација и дека ја намалува болката од низа здравствени проблеми.

loading...