Велигденски приказни | Велигден – обичаи и верувања

2414
Booking.com INT

Велигден е најголем христијански празник, ден на Христовото воскреснување. Дознајте повеќе за обичаите и верувањата кои се поврзани со овој празник.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Кај верниците, кои Велигден го слават по Јулијанскиот календар, Велигден се нарекува и Воскрес. Вук Караџиќ во својот Речник за главно име на овој празник го зел Воскресение, но се спомнуваат и други имиња – Воскресение, Велигден, Вазам. Во неговата прва збирка на поговорки, се сретнува првото наведено име, а во две други збирки Воскресение. Кај другите словенски народи постојат различни имиња на овој празник. Кај Русите е Пасха, што доаѓа од еврејски песах – поминување, кај Белорусите Вјаликдзент, кај Украинците Великдент, кај Полјаците Виелканоц, Чесите Великоноце, кај Словенците Велика ноч, кај Бугарите и Македонците, како и во народниот говори на источна Србија се нарекува Велигден.

Како се вапцаат јајцата за Велигден

Неделата во која се паѓа Велигден се нарекува Велика или Страшна недела. Името страшна доаѓа од старословенскиот страсит а значи страдање, тага. Во текот на Неделата за Велигден царската врата на олтарот во православните храмови, северната и јужната не се затвораат. Во Русија секој можеше на Велигден да пријде на камбаната и да ѕвони. Звукот на ѕвоната го симболизира Божјиот глас. Се сметало дека додека се слуша ударот на ѕвоната до тогаш е и границата до која може да дојде секое зло насочено кон луѓето.

Велигден е подвижен празник. Според одлуката на Првиот васеленски собор во Никеа во 325 година се одбележува секоја година првата недела по пролетната рамнодневница, во време на полна месечина и со забрана да не се совпадне со празнувањето на еврејската Пасха. Тој може да падне на 4 април пред Благовец, а најдоцна до 8 мај по Ѓурѓовден. На Шестиот васеленски собор во 630 година, било одредено постот да се прекине во полноќ меѓу Велика Сабота и Велигден, кога и во секоја христијанска црква се објавува вест дека Христос воскреснал. Дел од христијанските православни цркви датумот за одбележување на Велигден се смета според јулијанскиот календар, како што е одредено со одлука на Никејскиот собор. Останатите христијански цркви (католиците, протестантите, дел од православните цркви, инт.) Велигден го одбележуваат по грегоријанскиот календар.

Што се однесува до празникот Велигден, нема многу верски обичаи поврзани за него, како што има за Божик или Ѓурѓовден, пред се затоа што ова е подвижен празник. Втора причина е идејната природа. По своја прилика Словените пред покрстувањето не знаеле за рај и пекол. На секој му било загарантирано одење на неговата душа на тој свет и присоединување со душите на своите предци. Постоел еден вид единство на живите и нивните претци, со строго контролирани начини на меѓусебно општење.

Во одредено време во годината, живите оддавале почит кон своите предци, а тие за возврат се грижеле за нивната благосостојба, продолжување на родот, плодноста на нивите и стоката и заштита од болести. На тој свет не можеле да одат само души на покојници кои додека биле живи ги кршеле вообичаените норми, или ако семејството не ги погребало на соодветен начин. Се сметало дека душите на таквите покојници талкаат навечер од своето мртво тело до својот дом, плашејќи ги луѓето и правејќи им зло. За Словените божјата сила можела да биде и добра и зла, бидејќи управувала со стихии, молњи, оган, вода, ветер. Затоа полесно е прифатен култот на светиот воин Ѓеорѓи или Ѓурѓа, кој можел да го истера секое зло од стоката, Св. Илија, бидејќи можел да штити од гром, Св. Никола како старец со бела брада, кој ги префрла душите преку морето на тој свет (кого во некои места во Русија го прифатиле за сам Бог), отколку верата и спасението преку Божјиот син Христос.

Креативен начин за вапцање на Велигденски јајца

Што се однесува до традициите и обичаите освновно одбележје на празникот е вапцањето на јајца.

Како се бојадисуваат јајцата?

Обичај е јајцата да се фарбаат на Велик Петок. За вапцање на јајцата задолжена е домаќинката на куќата, која во зависност од навиките, ги фарба јајцата сама или со децата. Во многу краишта, таа прво се прекрстува се помолува на Бога, а потоа во тенџере во кое се варат Велигденските јајца истура малку светена вода и тоа главно таа која е светена во текот на Велигденскиот пост. Според обичајот, првото јајце се бојадисува со црвена боја и се смета за чувар на куќата. Тоа се чува се до следната година. Во некои краишта ланското јајце чувар на куќата се става кај стоката, додека во некои се затрупува во мравјалник. Според некои верувања црвената боја ја означува божествената природа, додека сината ја означува човековата. Јајцата инаку означуваат нешто од што се раѓа нов живот. На иконите Христос до своето тело има црвена ткаенина, а преку неа сина прекривка. Богородица има сина ткаенина, а преку неа има црвена наметка. Тоа Богородица ја симбилизира како човечко битие со божествена наметка, а Христос како божествено битие со човечка наметка.

Вапцањето на јајцата се прави во спомен на настанот кога света Марија Магдалена Мироносица (тоа е таа девојка која со Пресвета Богородица, постојано била покрај Христос во текот на неговото голготско страдање и на која Христос и се јавил прв по неговото воскреснување), патувала во Рим да проповеда Евангелие и да го посети царот Тибериј. Тогаш во знак на внимание, како новогодишен подарок му однела црвено јајце и го поздравила со зборовите: Христос Воскресе. Уште еден обичај поврзан за Велики Петок е и отсуство на секаква радост. Имено, верниците тој ден не слушаат музика, не се предаваат на други радосни содржини, не се веселат, бидејќи Велики Петок е најтажен христијански празник кога бил распнат Исус Христос.

Како што веќе е наведено, Велигден се паѓа во Недела. Што се однесува за обичаите за Велигден, може да се каже дека варираат од место во место во земјата, како што е случај и со обичаите поврзани за други празници.

Некои од обичаите се:

– За Велигден треба да се стане рано и да не се отиде на спиење пред полноќ. Ако се оди на спиење пред полноќ, тоа значи дека до следниот Велигден лицето ќе биде поспано и мрзливо.

– Наутро треба да се измиеме со вода во која е потопен дрен, здравец, босилок и црвено велигденско јајце.

– Децата треба да се намачкаат со црвено јајце, да бидат црвени и здрави во текот на годината.

– Прво да се омрсат со велигденско јајце.

– На Велигден, рано наутро луѓето оделе во црква на утринска молитва; во Русија било обичај ако некој се успие и не дојде на молитва во црква, одат по него го поливаат со вода или го фрлаат во река. Во 17 век Синодот на Руската црква со посебен указ го забранил овој обичај, кој доведувал и до смртно страдање на поединци. По ручекот луѓето се собирале кај Црквата, а ако во селото немале црква, под некое свето дрво.

– Ако Велигден се падне пред Ѓурѓовден не се јадело јагнешко месо.

– За Велигден се меси посебно лепче.

– На ден Велигден се кријат јајца и колачи по дворот и дома во куќата, па децата ги бараат скриените подароци.

Како што гледате, обичаите и верувањата се различни. Но, во тоа е и убавината на културите и традициите…

smedia.rs

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...