Велигден не се вапсаните јајца, чоколадните зајчиња, богатата трпеза – туку нешто многу подлабоко

4789
Booking.com INT

Смислата на Велигденот не се зајчињата, убаво украсените велигденски јајца, раскошните јадења, туку нешто многу подлабоко и поважно.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Многумина веќе слушнале за ова, но вреди да се повтори, бидејќи гледам дека луѓето наоколу сѐ подготвиле за Велигден, а би требало да се насочат на суштинските работи.

1. Велигденот нема врска со собирањето на вашето семејство
2. Велигденот нема врска со подготовка на одредени јадења
3. Велигден нема никаква врска со зајачињата и јајцата
4. Велигденот нема врска со чистењето и уредувањето на нашите домови
5. Велигденот нема врска со забавите и слободните денови

Не е лошо да се соберете како семејство, да јадете одредени видови храна, да го уредите вашиот дом или да се одморите, но сето тоа може да биде залудно ако за момент не ги преиспитаме своите животи и искрено си одговориме:

1. Дали сте се покајале за своите гревови, повторно сме се родиле одозгора и сега несебично живееме за Христос и другите луѓе преку послушност кон неговиот налог?

2. Дали навистина сме станале Христовиот ученик, кој ги извршува Неговите заповеди, или сме само набљудувачи и симпатизери на христијанството?

3. Дали сме навистина посветени верници кои имаат личен однос со живиот Бог и активно заедништво со Неговата црква со комплетна и пожртвувана посветеност на Неговото царство преку нашите подароци, таленти, повици, можности, лични предмети и пари?

4. Дали го сакаме Бога со сето наше срце, душа, ум и сила своја и на нашите ближни, кои нè опкружуваат како самитесебе?

Нашиот видлив, јасен и недвосмислен практичен одговор, начин на живот и нашите секојдневни приоритети се мерливи индикатори на кои навистина им припаѓаме и ја одредуваат нашата вечност без разлика дали ние одиме во црква или се сметаме за верници.

Самата религиозност и домашниот / националниот религиозен фолклор нема да можат да нѐ променат, спасат ниту некој од неа ќе има големи или вечни бенефити!
Затоа да запреме и размислиме малку за вистинската важност на животот со воскреснатиот Господ Исус Христос!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...