Велигден

484
Велигден

Велигден, со кој се слави воскреснувањето на Исус Христос од мртвите, е најважниот верски празник за христијаните. Нарекуван е и „шетачки“ пост затоа што секоја година не паѓа на ист датум, како што е тоа случај со повеќето верски празници.

Всушност, христијанските цркви на запад го слават Велигден во првата недела по полната месечина веднаш по пролетната рамнодневица на 21 март. Оттука, Велигден може да падне некаде помеѓу 21 март и 25 април секоја година.

Православните христијани го користат јулијанскиот календар за да пресметаат кога Велигден ќе дојде, и вообичаено го слават празникот две недели по западните цркви, кои се раководат според грегоријанскиот календар.

loading...

Точното потекло на името за овој верски пост не е познато. Некои извори тврдат дека зборот Велигден (на англиски Easter) доаѓа од Еостре, која била прагерманска божица на пролетта и плодноста. Други пак велат дека Истер доаѓа од латинскиот збор хебдомада алба или бела недела, прастара смерница за Велигденската седмица и заради белата облека која да раздавале луѓе кои биле покрстувани во тоа време. Заради грешка во преводот, овој термин подоцна се појавил како езостарум на Старо горногермански, а подоцна евентуално се претопил во Истер на Англиски јазикк. На Шпански јазик, Велигден е познат како Паскуа;  на Француски е Паскес; Овие зборови произлегле од грчкиот и латинскиот збор Паша и Паш, кој значел Премин. Распнувањето на Христа на крстот и воскреснувањето се случиле откако тој заминал за Ерусалем за да го слави Преминот (или Песах на хебрејски), еврејски празник во спомен на егзодусот на прастарите израелци од ропството во Египет. Пасха оттука можеби почнал да значи Велигден (Истер).

Велигден е всушност една цела сезона во христијанската црковна година, како спротивност на еднодневно празнување. Велигденскиот пост, кој е четириесетдневниот период кој воведува во велигденската Велика Недела, е време длабоки мисли и самопокајување и ги претставуваат 40-те дена кои Исус ги минал сам во дивината пред да ја почне својата пророчка мисија, во време кога христијаните верувале дека тој преживеал разни искушенија од ѓаволот. Денот пред почетокот на Велигденскиот пост, познато како Марди гра или Мрсен Четврток, е последниот ден за гозба и забава пред постот да почне. Седмицата пред Велигден е позната како Света Седмица, и вклучува Велики Четврток, со кој се одбележува последната вечера на Исус со неговите ученици; Велики Петок со кој се одбележува денот на неговото распнување, и Велика Сабота, која се фокусира на транзицијата помеѓу распнувањето и воскреснувањето. Пеесетдневниот период кој доаѓа по Велика Недела е наречен Велигденски празник и вклучва славење на воздигнувањето на Исус на небото.

Како прилог на религиозното значење на Велигден, тоа има и своја комерцијална страна и заради тоа во продавниците секоја пролет се појавуваат статуетки со бонбони и фигури на животинки од манчмелоу (топен шеќер и желе). Како и со Божик, со текот на времето се појавиле разни народни обичаи и пагански традиции, меѓу кои се велигденското јајце, зајчиња, кошничките и слатките, кои стана стандарден дел од овој свет празник.

history.com

loading...