Верувале или не, луѓето кои постојано доцнат подобро поминуваат во животот …

2397
Booking.com INT

Таквите луѓе можат да имаат меморија стара можеби една деценија кога навистина успеале сѐ да направат и да дојдат некаде на договорено време па мислат како тоа можат да го повторат.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Луѓето кои постојано доцнат често се оптимистички и нереални, а таков начин на размислување влијае на нивната перцепција на времето. Тие не го прават тоа намерно, туку искрено веруваат дека ќе успеат да направат сѐ што испланирале и ќе дојдат, каде што е потребно, на време. Но, планот секогаш некако завршува лошо и така постојано доцнат, објаснува Diana DeLonzor во својата книга “Never Be Late Again”.

Таа додаде дека таквите луѓе знаат да меморираат едно сеќавање старо можеби една деценија, кога навистина успеале сѐ да направат и да дојдат некаде на договорено време, па мислат како тоа би можело да се случи повторно.

Jeff Conte, професор по психологија на Универзитетот во Сан Диего направил истражување на оваа тема – испитал два вида личности – тип А (нетрпеливи и склони кон натпреварување) и тип Б (креативни и релаксирани). Лицата склони кон доцнење ги сместил во тип Б.

Задачата на испитаниците од двете групи е да се обидат да погодат колку време поминало (а поминала точно една минута). Луѓето од група А, кажале 58 секунди, а од групата Б 77 секунди. Со ова докажал дека луѓето кои постојано доцнат навистина имаат различна перцепција на времето, или немаат вистинско чувство за текот на времето.

Исто така, овие типови на луѓе не се лутат кога другите доцнат, бидејќи тие ги гледаат низ пошироката слика. Така тие се поспонтани, не се замараат со работи на кои не можат да влијаат, на пример. со тоа дека автобусот доцни. Затоа, околу себе шират позитивна енергија, која на другите им е убава.

Тие се во состојба да ги пакуваат работите во торба пет минути пред да одат на пат, да најдат сместување или лет во последен момент … Тие се оптимисти и не размислуваат дека нема да успеат во она што наумиле, дури и ако тоа го прават во последен момент.

Затоа, тие можат да бидат поуспешни во животот и имаат шанса да живеат подолго од луѓето кои не доцнат никогаш. Но, и тие имаат свои мани, велат истражувачите. Бидејќи не можат да го контролираат времето, па често немаат контрола ниту над парите, тие не се истрајни нпр. во завршување на диетата која ја започнале. Тие повеќе живеат за сегашноста отколку за иднината, па заштедата за старост не им е силна страна, открива The Tab.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...