Ветувачка технологија | Научниците во тутунот произвеле вакцина против детска парализа

1101

Ова би можело да биде пресвртница во производството на вакцини против оваа, како и другите заразни болести.

Британските научници произвеле во листовите на тутунот вакцина против детска парализа, што би можело да биде настан кој би значел пресвртница во производството на вакцини против таа, но и други заразни болести, јавува BBC.

Експертите од центарот John Innes во Norfolk велат дека постапката е евтина, брза и лесна. Освен што би можела да помогне во искоренувањето на детската парализа, експертите веруваат дека нивниот иновативен пристап би помогнал на светот подобро да одговори на ненадејните закани, како што се вирусите зика и ебола.

Го активира имунолошкиот систем, но не предизвикува зараза

Вакцината е “автентична копија” на полиовирусот и однадвор му е речиси идентичен, но одвнатре е празен. Таа ги има сите квалитети потребни за активирање на имунолошкиот систем, но не предизвика инфекција.

Научниците искористиле еден вид на тутун и неговите лисја ги претвориле во “фабрики” на вакцината. Така, добиената вакцина ја спречува инфекцијата кај животните, а 3D анализата на неговата структура покажала дека е речиси идентична со полиовирусот.

“Тоа е многу ветувачка технологија. Се надевам дека нема да чекаме долго за вакцините добиени од растенијата”, рече проф. George Lomonossoff.
Истражувањето е финансирано од Светската здравствена организација (СЗО), како дел од напорите да се најде замена за вакцина против детска парализа. Полиото, кое може да предизвика трајна парализа, минато е за поголемиот дел од светот, но не е сосема искоренето.

Употребата на ослабен полиовирус во постоечките вакцини може да резултира со тоа што вирусот повторно може да стекне некои од своите опасни својства, познати како полиовирус од вакцина.

Чекор кон замена на постоечките вакцини со евтино и одржливо производство

“Постојните вакцини се добиени од големи количини на живи вируси, така што постои ризик ненамерно да се изнесе и да предизвика инфекција”, рече д-р Andrew Macadam од Националниот институт за биолошки стандарди и контрола во Велика Британија.

“Оваа студија е чекор напред во можна замена на постоечките вакцини по ниска цена и одржливо производство”, додаде тој.

Новата технологија не е ограничена само на полио и би можела да се користи за производство на вакцини против повеќето вируси, како и антитела кои се користат во третманот на тумори, велат научниците.

loading...