Ве мачат киселини? Еве што треба да направите на прва…

2452

Киселините можат да се јават како последица на обилен оброк, тесна облека, дебелина, бременост, одредени лекарства, храна, стрес, пушење, брзо јадење и добро несоџвакана храна, лежење по јадењето … Но доколку ве мачат киселини, не се фаќајте веднаш за апчиња. Пробајте ги прво овие природни методи.

Спијте на левата страна – истражувањата покажаа дека спиењето на стомак придонесува за враќање на киселините, а тимот научници заклучи дека спиењето на левата страна е подобро отколку на десната.

Помали оброци – обидете се да јадете 4-5 помали оброци дневно наместо три обилни. Пеполнетиот стомак може да предизвика киселини.

loading...

Додавајте тревки како зачини – многу зачински растенија како куркумата, помагаат при создавање на заштитен слој долж слузокожата на желудникот, па така го штитат од киселини.

Носете широка облека – тесната облека и ремените можат да ја влошат состојбата. Поради тоа е важно да носите поширока облека која нема да го притиска стомакот.

Исправете се – исправеното држење на телото по оброкот ќе помогне храната и киселините да останат во желудникот наместо да се враќаат. По оброкот не залегнувајте веднаш.

Престанете да пушите – цигарите навистина се пропаст за здравјето. Никотинот поттикнува производство на киселини во желудникот.

Ослабете – дебелината е ризичен фактор за киселините. Обидете се да симнете некое килце.

loading...