ВЕ МОЛАМ, НЕ ИМ ПОМАГАЈТЕ НА МОИТЕ ДЕЦА!

2664
Booking.com INT

Дали родителите кои се премногу заштитнички настроени кон своите деца, всушност, им прават лоша услуга?

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дали пристапот кон децата од типот “пушти, тоа мама ќе го среди…“ повеќе им штети отколку што мислиме?

Еве еден интересен приод кој нѝ советува да му одолееме на овој нагон кој нè тера да ги заштитиме своите деца и од работи кои не можат многу да им наштетат.

Автор: Кејт Басворд Бејкер

Драги родители од паркот,

Ве молам, не ги подигајте моите деца на врвот од тобоганот, особено откако ќе им кажам дека нема да им помагам во тоа и ги охрабрив да се обидат сами.

Не седам тука, цели пет метри од своите деца, бидејќи сум премногу мрзлива да се подигнам. Седам тука затоа што не сум ги довела во парк за да научат како да манипулираат со другите и да ги натераат да ја работат нивната работа. Ги доведов тука, за да научат работите да ги работат сами.

Не се тука за да бидат на највисоката скала, туку да научат да се качуваат. Ако во тоа не успеат сами, ќе преживеат разочарување. Уште повеќе, ќе имаат цел и поттик да ја достигнат таа цел.

Во меѓувреме, нека ги користат скалилата. Сакам да им здосадат сопствените ограничувања и да се обидат да ги надминат со сопствен труд и работа, без моја помош.

Моја работа не е – а сигурно не е ниту вашата – да ги спречите моите деца да почувствуваат фрустрации, страв или непријатност. Кога би го направила тоа, би им одземала можност да научат дека тие чувства не се крај на светот, туку дека можат да бидат надминати или искористени во нивна корист.

Ако се заглават, не е моја работа веднаш да ги спасувам. Така, би им одземала можност да научат како да се смират, да ја проценат ситуацијата и да се обидат да се извлечат сами.

Не е моја работа да ги чувам од паѓање. На тој начин би ги спречила да научат дека паѓањето е возможен, но и дека ризично, и дека можат повторно да станат.

Не сакам да ги научам моите ќерки да не можат да ги преминат пречките без помош. Не сакам да научат дека големите работи можат да се постигнат без напор. Не сакам да научат дека имаат право на награда и признанија без труд и вложен напор.

Затоа што – ова може да ве изненади – ништо од тоа не е вистина. А ако и на момент им дозволам да помислат дека е, јас не сум успеала како мајка.

Јас сакам моите ќерки да го запознаат восхитот како резултат на надминување на стравот, и остварување на успехот преку напор.

Сакам да веруваат во своите можности и да бидат самоуверени и одлучни во своите напори.

Сакам да ги прифатат своите ограничувања додека не откријат дека можат да ги надминат со сопствената сила.

Сакам да бидат способни да донесат свои одлуки, да развиваат свои вештини, да преземат свои ризици и да излезат на крај со своите чувства.

И сакам на тобоганот да се качуваат без да им се помогне, колку и да е добронамерно.

Затоа што можат. Го знам тоа. А ако им дадам малку можност, и тие наскоро тоа ќе го знаат.

Па така ќе ви бидам благодарна ако се повлечете и ми дозволите да ја работам тука својата работа, која во главно се состои од спротивствување на истите оние нагони на кои вие им удоволувате, гризам јазик секој пат кога сакам да викнам “ВНИМАВАЈТЕ” и свесна, за тешката одлука да се повлечам наместо да притрчам.

Кога ќе пораснат, пречките ќе станат сè поголеми, пострашни и потешки за искачување. Не знам за вас, но јас би сакала да им помогнам вештините да ги здобијат сега, кога грешката значи само џумка или изгребано колено, кое може да го излекува бакнежот, кога и највисокиот рид може да се освои со бодрење со песнички, и додека оние пет метри меѓу нас и понатаму делуваат како голема далечина.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...