Видете, таа тука за малку ќе се лизнеше … !!! Душко Радовиќ

4341
Booking.com INT

Видете… Мојата сопруга имала нејзин дечко пред таа да ме ожени. Значи, многу фин млад студент. Ние се земавме, арно ама, нашите обврски кон тој млад човек останаа… Не можевме туку така да го оставиме на улица.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тој дури, во прво време, и живееше со нас додека, некако, не се снајде повторно. Па, видете, јас мислам дека сум во право. Тоа беше фер од моја страна! И на мојата жена према екс-дечкото, и мене, спрема обврските на мојата сопруга. Јас така гледам на овие работи. Мислам дека тоа е предуслов за еден траен однос. Мојата сопруга сега има доверба во мене, и тоа е најважно.

Видете, таа тука за малку ќе се спзнеше. Поверува на еден човек повеќе отколку што треба … Зарем тоа не е … и тоа и се одмазди. Таа доби шлаканица од него. Јас, се разбира, веднаш интервенирав. Неприфатливо е да еден таков човек се однесува према жена. Особено према мојата. Јас тоа не би го дозволил никому!

Видете, сум се наслушнал доволно вакви приказни за мажите од мојата жена… неверојатно! Таа да не ми раскажа, не би порувал. Така пред некој ден еден случаен поминувач божем да ја префрли со кола, тука блиску, до Космај. А бе цел ден во шумана само на еден сендвич!?!?! Му беше тешко бар на еден ручек да ја однесеше??? Жената се врати дома разочарана и болна!

А тоа не е човек за кого би можело да се каже дека нема пари или домашно воспитување. И кажав на жена ми во иднина да се тргне настрана од таквите како него. Едноставно, да не се вовлекува во слични проблеми. Треба малку да мисли на здравјето и своето достоинството. Чудни се машкиве, навистина.

Видете, таа два цели месеци се грижеше за еден мој другар… Нешто не беше во ред со него, не знам што точно?!?! Само, заминуваше рано наутро и се враќаше во вечерните часови. Можам да ви кажам дека за тие два месеци симна повеќе од три килограми. За сета своја загриженост и грижа тој и даде својата фотографија. Навистина, цинично?

Душко Радовиќ

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...