„Викиликс“ | ЦИА има нова програма за кибер шпионажа

411

„Виклиикс“ денеска објави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) поседува технологија која им овозможува на тајните служби на САД да имаат пристап до секој комјутер и до податоците зачувани во него.

Како што јави ТАСС, „Викиликс“ тврди дека со помош на оваа нова програма наречена „Атина“, ЦИА може да ги менува поставките на оперативните системи, да пушта вируси и да презема податоци од „инфицираните“ уреди.

Технологијата, која, според „Викиликс“, ЦИА ја изработила во соработка со компанијата за кибер безбедност „Сиџ Технолоџис“, може да „ги напаѓа“ компјутерите што работат со оперативниот систем „Виндоус“.

loading...

Во март „Викиликс“ почна да објавува информации за различни методи на кибер шпионажа, кои ги користат оперативците на ЦИА.

Од овие информации произлегува дека ЦИА поседува програми кои и овозможуваат следње на мобилните телефони, како и технологија со која може да упаѓа во смартфони ширум целиот свет.

Објавувањето на најновите сознанија на „Викиликс“ следуваат откако денеска шведското Јавно обвинителство соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против нејзиниот основач Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување.

loading...