Вина | Имавме по 18 години кога се венчавме, се земавме млади …

1708

Имавме по 18 години кога се венчавме, се земавме млади, од љубов, вистинска невина …

За 11 години живот на сите можни начини се обидувавме да добиеме дете, но не успеавме, и на крај се разведовме. Со 28 години бевме разведени …

Секој си замина на своја страна, 4 години не сум ја видел ниту чул. Се сретнавме на Валентиново минатата година сосема случајно. Сфативме дека не можеме еден без друг, повторно се венчавме и се подготвивме за живот во двајца, без деца : ( …

А тогаш … БУМ, само еден месец подоцна, остана бремена. Бевме среќни, не се обидовме, а се случи.

Меѓутоа, после два месеца откако се породи во мене се јави сомнеж дека детето не е мое и дека сите тие “случајности” не се случајности …

Направив ДНК анализа која покажа дека сепак јас сум таткото …

Оттогаш поминаа 10 дена и наместо да сум среќен, јас се чувствувам “посрано”, се гадам од самиот себе затоа што се посомневав во чесноста на мојата жена која никогаш не ме изневерила и повредила.

Не знам како да се ослободам од ова одвратно чувство.

loading...