Вистината за сексот по разводот

31656
Booking.com INT

Со една личност во ист кревет сте спиеле десет, 20 или 30 години, а сега сте одвоени или разведени.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Неизбежно е дека наскоро ќе почнете повторно да излегувате на состаноци, а излегувањата со новите партнери водат и до секс. Во тој случај сигурно ве интригира прашањето како изгледа сексот по разводот.

– Сметам дека првото сексуално искуство по брачниот бродлом е мошне важно. Тоа може да биде трауматично, застрашувачко, тажно, но исто така може да биде и возбудливо, забавно и неверојатно, изјави Џеки Философ, авторка на книгата „Фри Гифт Прчс“ и ги наведува најчестите проблеми, кои се појавуваат во сексот по распаѓањето на бракот.

Жените премногу се грижат за својот изглед

Вистина, бракот со вашиот поранешен сопруг не функционирал, но сексуалниот однос бил опуштен и сте се чувствувале пријатно. Знаел како изгледате голи и секогаш сакал секс со вас, но можеби и не сакал, што сексуалниот однос го прави уште потрауматичен. Џеки Философ нагласува дејка често пати е мошне изненадена колку жените се остри и критични кога е во прашање нивното тело и изглед.

Многу жени се препуштаат на чувствата и плачат

Штотуку сте имале секс со друг маж и во вашата глава вие ги прекршивте брачните завети, иако веќе и служебно сте разведени. Иако немате причина да се чувствувате виновни, сепак така се чувствувате и си го расипувате целото доживување. – Немојте тоа да си го правите, туку во тоа ново искуство едноставно уживајте, вели Философ.

Некои жени новиот партнер се обидуваат да го претворат во сопруг број два

Многу жени, откако ќе се впуштат во сексуални односи со партнерот развиваат силна емоционална врска. – Можеби нема да се согласите со мене, но со сигурност тврдам дека всушност ниту една жена не сака секс за една ноќ. Жените го поврзуваат сексот со чувствата и мошне брзо почнуваат да размислуваат за иднината со новиот партнер. Сексот ја намалува моќта на просудување.

Според мене сосема е во ред, таа нова личност да ви се допаѓа и во ред е да сте во врска, но морате да знаете да повлечете граница, нагласува таа.

Некои жени не користат кондоми

Немојте себе си тоа да си го дозволите – здравјето би требало да ви биде главен приоритет и нема потреба да се изложувате на ризик.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...