Вистината и лагите за храната | Магнезиум хлорид

6253

Се надевам дека овој напис ќе ги покрие многуте ваши прашања во врска со магнезиум хлоридот!

Главното магнезиумово соединение

Магнезиум хлоридот многу здравствени работници го препознаваат како “главно магнезиумово соединение” и за прехрамбената и за локалната примена, поради неговата потентност и ефективност. Магнезиумот е без сомнение терапевтски погоден за човековото тело, но многу нешта останале недокажани за останатите видови и квалитетот на различните форми на магнезиум. Сите видови на магнезиум не носат иста (препознатилива) корист. Како и другите минерали со хранлива вредност, магнезиумот природно се појавува во природата во различни неоргански и органски форми. Секоја од овие форми има менливи степени на ефикасност во човечката биохемија.

Во форма на додаток во исхраната “магнезиум оксидот“ е најчестата форма на магнезиум во слободна трговија и се покажа дека има многу ниско ниво на апсорпција, дури и до 4% кај останатите форми на магнезиум, особено природно достапниот магнезиум хлорид, покажаа дека постигнуваат многу поголема биорасположивост.

Избор на лесно растворлитава форма на магнезиум обезбедува висока потентност и многу здравствени придобивки. Магнезиум хлорид е особено препорачлив за брзодејствувачката терапевтска употреба. Една особено безбедна и природна форма сега е достапна во облик на чисто магнезиумово масло или како магнезиумова сол за бањање, каде што и двата се добиени од чистите морски длабочини и тестирани се на чистотата од загадувачите.

Зошто магнезиум хлорид?

magnesium chloride

Според д-р Каролин Дин, авторот на книгата The Magnesium Miracle (“Чудото на магнезиум”) и експертот за третман со магнезиумот, магнезиум хлоридот и другите неоргански магнезиумови соли се појавува како метал- поврзувачки (метал -лиганд) комплекси, супстанции поврзани околу еден централен атом на метал, во овој случај магнезиум. Секој од овие метал- поврзувачки соединенија можат да се приклучат на “постојана стабилност ” која ја одредува нивната релативна способност да преминат во јонската форма.

Константата на стабилност се движи во опсег на вредности под 1 до блиску 20. Со оглед на формите на магнезиумовите додатоци во прехраната, биорасположивоста на супстанцијата е поголема доколку константата на стабилност е блиску до нула. Пониска константа на стабилност претставува растворливи комплекси, лесно разградливи во јонската форма заради биодостапноста. Ова е важно затоа што ние не го апсорбираме магнезиумот во форма на самите соединенија на магнезиум хлорид, туку како слободен магнезиум хлорид и јони на хлорот.

Константа на стабилност за вообичаените магнезиум соединенија

Следната табела ја прикажува константата на стабилност за некои вообичаени соединенија на магнезиум. Пониските вредности на константата прикажуваат поголема биорасположивост.

Магнезиум соединение      Константи на стабилност     Јонизираност

Магнезиум хлорид                                              0                                    Целосно јонизиран
Магнезиум ацетат                                           0,51                                воглавно јонизиран
Магнезиум глуконат                                        0,7                                  воглавно јонизиран
Магнезиум лактат                                           0,93                               воглавно јонизиран
Магнезиум малат                                              1,55                                воглавно јонизиран
Магнезиум глумат                                            1,9                                  воглавно јонизиран, но невротоксичен
Магнезиум аспартат                                      2,43                                воглавно јонизиран, но невротоксичен
Магнезиум цитрат                                          2,8                                   воглавно јонизиран

Извор: Doctor Carolyn Dean, The Magnesium Miracle. New York: Ballantine Books, 2007; http://george-eby-research.com/html/stability_constants.html

Потентност на магнезиум хлоридот е јасно видлива од овие податоци. Со константа на стабилноста еднаква на нула, магнезиум хлоридот е целосно јонизирачки во текот на еден широк спектар на pH вредност, од ниска pH вредност од 2-3, која се наоѓа во желудечната киселина, па до благо алкална физиолошки pH 7,4 , која се наоѓа во екстрацелуларната течност, како што се серумите и лимфата.

Нормална pH вредност на кожа е малку кисела, 4,5-6 и создава совршена средина за целосна јонизација на магнезиум хлоридот. Затоа, оптимален внез во поткожното ткиво е можно со локална примена на магнезиум хлоридот, како што се применува во рансдермалната терапија со магнезиумот.

Магнезиум хлорид го помага варењето на храната

6. magnesium chloride-001

Што се однесува на влијанието на магнезиум хлоридот на здравјето, придобивките се неверојатни. Многу истражувачи го поддржуваат ставот дека магнезиум хлоридот најдобрата форма на додаток на храна, делумно поради тоа што хлоридот има клучна улога во производството на хлороводородната киселина (HCl) во желудникот.

Некои луѓе едноставно не произведуваат доволно хлороводородна киселина, што може да резултира со бројни здравствени проблеми поврзани со метаболизмот и апсорпцијата на хранливите материи. Овој недостаток може да се должи на различни нарушувања кои влијаат на желудникот , или едноставно поради индивидуални разлики или други непознати причини. Конечно, како што старееме, производството на хлороводородна киселина во желудникот се намалува, често драматично и речиси секогаш е недијагностицирана.

Употребата на магнезиум хлорид како магнезиумовиот додаток има додадена вредност во тоа што помага во намалување на потенцијалните проблеми кои можат да произлезат со постојаното намалување на желудечната секреција на киселина. Во овие проблеми можеме да вклучиме:

  • ослабената апсорпцијата на витамини и минерали
  • неправилно – нецелосно варење на храната
  • зголемена подложност на несаканите бактерии, вируси и габи кои поминуваат низ цревата

Овие предности резултат се од зголемената содржина на хлориди кои се наоѓаат во магнезиум хлоридот, доволно за да се зголеми производството на желудечната киселина, и со тоа се зголемува апсорпцијата и на самиот магнезиум и се подобрува севкупната ефикасност на варењето на храната. На тој начин се создава поволно опкружување за асимилација на критични микронутриенти толку важни за здравјето, особено кога старееме.

Успехот на маслени производи од магнезиум хлорид

2. magnesium chloride-001

Потентност и ефикасност на магнезиум хлоридот особено се постигнува со локалната примена на кожата во форма позната како ” масло на магнезиум хлоридот”. Позитивни извештаи на медицинските професионалци и потрошувачи во врска со здравствени придобивки постигнати со локалната примена ја нагласуваат неговата практичност и ефикасност во справувањето со различни симптоми, вклучувајќи ги и оние поврзани со кожата, мускулите и нервниот систем.

Поборниците (корисници) на препаратите на магнезиум хлоридот Ancient Minerals детално го опишуваат моменталното и длабокото влијание на магнезиумот во локалната (трансдермална) примен на нивното здравје, додека оралните дози на различни магнезиумови соединенија имаат слаби ефекти во однос на очекувањата.

Една мала студија која ја спроведе д-р Норман Shealy, основачот на Американското холистичко здравствено здружение (American Holistic Medical Association) ни обезбедува документирано истражување за влијанието на локална примена на магнезиум хлоридот на крвната сликата. Д-р Shealy ги спореди интрацелуларните нивоа на магнезиумот на учесниците на истражувањето пред и после одреден период од секојдневната локална примена на магнезиум со магнезиумските бањи и прскања со масла од магнезиум хлоридот.

Кај 75% од учесниците забележале значително подобрување. Д-р Shealy заклучи дека уникатните својства на суперзаситениот магнезиум хлорид овозможуваат успешна апсорпција во кожата , зголемувајќи ги интрацелуларните нивоа на магнезиум кај поголемиот дел од учесниците. Прочитајте повеќе детали за студијата на д-р Shealy и на другите студии за трансдермалната терапија со магнезиум.

Силата на магнезиумот и неговата асимилација

5. magnesium chloride-001

Често поставувано прашање меѓу професионалците и потрошувачите е токму колкав процент на маслото од магнезиум хлорид, гелот, лосионот или снегулките се апсорбираат во кожата? И колку се навистина препаратите (за локална употреба) на магнезиум хлоридот се апсорбира во споредба со оралната употреба?

Fickовиот закон на дифузија наведува дека апсорбираната количина на некој раствор (на пр. масло на магнезиум хлоридот) е директно зависна од:

  • концентрацијата на растворот
  • време траењето за време на која растворот е во контакт со мембраната (на пример, кожа)
  • дополнителните аријабли, вклучувајќи ги местата на кои се применува, температурата на растворот, итн.

Додека овие точки овозможуваат увид во услови кои се погодни за ефикасна апсорпција на магнезиум хлоридот во кожата, конечниот прецизен одговор колку милиграми е апсорбирано, се разбира, недостижен ин виво (во живо). Точните вредности се подеднакво непознати кога станува збор за оралните дози. Премногу има фактори кои влијаат на тоа колку и како брзо магнезиумот се асимилира, а потоа се испраќа во крвотокот, без оглед дали е тоа преку устата или преку кожата.

Меѓутоа, очигледна ефективноста на кожата во преземање на магнезиумот во врска со многуте придобивки од магнезиум хлоридот во локалната примена сигурно овозможува добра основа за брзи резултати кај корисниците. Она што е мерливо е влијанието на крвната слика, како што прикажало истражувањето на д-р Shealy, заедно со сегашното подобрување на здравјето во регенерирање на клетките со недостаток на магнезиум.

Она што сите кои имаат искуство со локалната примена на магнезиум го признаваат : магнезиум хлорид несомнено носи повеќе искористен магнезиум во клетките од која било друга форма, особено кога кожата се користи како примарен начин на внесување .

Недостатоците на оралните додатоци на магнезиум

4. magnesium chloride-001

Важно е да се напомене дека оралниот магнезиум (внесен усно) претставува предизвик за многу луѓе. За многумина, овие предизвици стануваат бариери за успешно обновување на нивота на внатреклеточниот магнезиум.

Прво, реалното ниво на апсорпција на оралните додатоци на емагнезиум ретко се земени во предвид при давање препораки за дозирање. Користењето на слабо јонизирани форми на магнезиум може со тоа да резултира со неуспешно дополнување. Проучувањето од 2001 година. покажало дека магнезиум оксид, ефтин магнезиумов комплекс, кои е вклучен во многу популарни додатоци во исхраната, може да има делумна апсорпција во цревата од (дури) само 4%. Ако некој зема вообичаено препорачана (иако скромна) доза за возрасни од 300-400 mg магнезиум дневно во ова слабо апсорбирачка форма, тоа можеме да го изедначиме со употребливата доза од 12-16 mg.

Второ, а можеби и уште поважно, е фактот дека скоро сите магнезиумови додатоци ја делат општата тенденција за лаксативно делување во цревата. Влијанијата од разнличните магнезиумови соединенија на движењето на дебелото црево и мекост на столицата се дополнително зајакнати со количината земена во една доза.

Штом една доза е повисока, со тоа и можноста за дијареа е зголемена, со што се намалува времето на поминување низ цревата. Тоа е многу важно како што д-р Shealy споменува во својата книга “Светата вода, ветото масло: Извор на младоста”, постои веродостоен доказ кој вели дека апсорпцијата силно зависи од задржувањето на магнезиумот во сцревата – минимум 12 часа. Ако времето е пократко од 12 часа, процентот на апсорбираниот магнезиум може да биде значително намален.

Кога овие факти ќе се земаат во предвид , заедно со непредвидливоста на нивото на орална апсорпција на магнезиумот за едно лице, резултатот станува несигурен во многу случаи. Во врска со ова, заобиколување на дигестивниот систем со локална примена на магнезиумово масло, лосионот или гелот – или некоја друга трансдермална терапија, вклучувајќи ја магнезиумовата бања или тмокрење на нозете – се избегнуваат многу познати недостатоци кои одат заедно со оралната примена.

Примени и предности од магнезиум хлоридот

7. magnesium chloride-001

Брзото пребарување на Pub Med ќе даде илјадници научни студии кои ги потенцираат придобивките од различните магнезиумови соединенија во човечката биохемија. Од мигрени и контроли на болки до депресија, анксиозност, несоница и меморија , магнезиумот јасно покажал голема разновидност како лековит материјал.

Меѓутоа, магнезиум хлоридот покажа уникатни карактеристики надвор од доменот на другите неоргански соли, кои нѝ се особено интересни. Како францускиот хирург Пјер Delbet 1915. пронашол: Дека примена на раствор на магнезиум хлоридот на отворени рани има поволно влијание на активноста на леукоцитите и фагоцитоза, со што го прави идеален за чистење на рани орален магнезиум хлорид е моќен имунолошки стимулант, покажува видливи ефект на зајакнување на организмот.

30 години подоцна уште еден француски лекар, А Neveu, користел орален магнезиум хлорид за широк спектар на нарушувања користејќи стимулирање на имунолошкиот систем, кој ги обезбедува магнезиум хлорид.

Д-р Jose Perez Albela Beraun, директор на Институтот Bien de Salud во Лима, Перу, еден е од најтврдокорните застапници на магнезиум, каде што токму магнезиум хлорид е форма која ја користи речиси исклучиво во неговата работа. Д-р Albela рашири глас за магнезиум хлорид и здравјето преку неговите радио емитувања, јавни предавања преку колегите, а всушност, произведува и дистрибуира пакети на магнезиум хлорид, често подарувајќи ги на сиромашните. Приказните за успеси на пациентите на д-р Albel би можеле да исполнат една цела книга.

Магнезиумово масло, течен магнезиум, магнезиумов спреј – сите имиња се поврзани со концентриран раствор на магнезиум хлорид, кој се применува на кожа – сите се омилени на многу холистички здравствени работници. Д-р Carolyn Dean опишува големи придобивки што ги имаме од магнезиумовото масло: “Многу интересен додаток на магнезиумовото семејство е производ широко наречен магнезиумово масло”.

Ова воопшто не е масло, туку суперзаситен раствор на магнезиум хлорид. Магнезиумово масло може да распршува или трие во телото и брзо се апсорбира преку кожа. Помага во значително зголемување на количината на магнезиум во телесните ткива и ги заобиколува проблемите кои некои луѓе ги имаат со меката столица, кога се обидуваат да внесат во организам доволни количини на магнезиум за да ги задоволат своите потреби. Тоа може да биде особено важно во случаи на значаен недостаток на магнезиум кои биле третирани со интравенски магнезиум, пред да дојде магнезиумово масло”.

Со оглед на тоа дека не се сите магнезиумови додатоци на исхрана исти, исплатливо е да се разгледа ефикасноста на различните форми на магнезиум пред изборот на најдобриот.

Брзодејствувачките способности на топски магнезиум хлорид да го предава магнезиумот подобро од оралните форми го прави совршен за поставување на оптималното здравје.

loading...