Вкусно вариво со суво месо, зеленчук и печурки

430

Идеално јадење за овие зимски денови …

Потребно 

  • 400 гр сварена свинска коленица
  • 400 гр сварена сушено мисиркино месо
  • 50 гр масло
  • 200 гр кромид
  • 40 гр суви печурки вргањ
  • 100 гр суви сливи
  • 300 гр хељда, која неколку часа ќе ја потопите во вода
  • 1 лажица пире од домати
  • 1 лажиче мелена црвена пиперка
  • 2-3 чешниња лук
  • 300 гр сварени компири, исецкан на коцки
  • 1 л крем супа од печурки
  • 200 мл кисела павлака
  • 1 лажица мелен сув зачин
  • бибер

За украсување

  • свежа или кисела пиперка
  • феферонка
  • магдонос

Подготовка

  • Печурките потопете ги во вода. На масло пропржете го исецканиот кромид. Додадете ги исцедените печурки, сипете малку од течноста во која ја варевте коленицата и динстајте со повремено мешање.
  • Додадете ги сувите сливи, убаво измиената и потопена во вода хељда, пирето од домати, мелената црвена пиперка, изгмечениот лук, свареното и на коцки исецкано месо од свинска коленица, сецканато мисиркино месо и сецканиот компир.
  • На крај додадете ја сварената крем супа од печурки, малку сецкани феферонче, бибер и мелен сув зачин и уште кратко варете.
  • Јадењето ставете го во огноотпорен сад и прелијте го со изматена кисела павлака. Украсете го со исечена пиперка, магдонос и црвена пиперка и ставете го во загреана рерна на 200 целзиусови степени кратко да се запече.