Внимавајте што пишувате | Објава на Facebook ги чинела околу 80 000 долари

1481

Социјалните мрежи не се игра и треба да бидете внимателени што објавувате.

Она што му се случило на еден пар од Австралија е вистински доказ дека социјалните мрежи не се безопасни, во што сите ние повеќе пати сме се увериле.

Сè што ќе објавите на Фејсбук или во коментарите на туѓите објави со себе носи одредена одговорност, а австралискиот пар својата мораше да ја плати дури повеќе од 80 000 долари, пренесува News.com.au.

loading...

Сѐ започна кога Мет Палмер и неговата сопруга Анет од Сиднеј забележале дека некој на јавните места низ Scotland Island налепил постери.

Постерите биле насочени кон локален жител, кој според авторот, не знае да ги контролира своите кучиња додека е со нив на јавни места.

На поостерот била и фотографијата на Надер Мохареб, и описот во кој било наведено дека овој, по потекло Египќанин, е силеџија наклонет со манијачни испади, често се заканувал, особено на жените и децата.

Погоре споменатиот Мет го фотографирал постерот и го споделил на својот Фејсбук профил, со опис дека „г-дин Mохареб може, а и не мора, да има врска со Сатаната“.

Потоа следеше тужба од Мохареб, за клевета и објавата во која лажно се вели дека тој е нестабилен член на општеството и дека затоа би требало да се избегнува.

Иако објавата подоцна е отстранета, тужбата е поднесена, а Мохареб дури сакаше и да ја повлече како дел од договорот со осомничениот пар ако објават извинување на Facebook страницата на локалната заедница.

Целиот процес полека е доведена до крај после многу други јавни извинувања, а двојката која беше тужена мораше да плати судски трошоци од речиси 80.000 долари.

loading...