Внимание! Овие 7 производи се рекламираат како многу хранливи и добри за здравјето, но не се!

9504
7 производи се рекламираат како многу хранливи и добри за здравјето
Booking.com INT

Науката има направено голем напредок во откривањето на нештата кои може да нѐ убијат, но ние сме сѐ уште далеку од откривање на она што нѐ движи.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Токму тоа подрачје е одличен терен за разни шарлатани и измамници кои ќе ви ги продаваат своите производи и ќе ви ветуваат вечност. А најголемите измамници се големите корпорации. Овие седум производи се рекламираат како многу хранливи и добри за здравјето, но вистината сепак е малку поинаква, пишува Rawstory.com.

%d0%ba%d0%be%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0-0011. Кокосова вода
“Нискокалорична”, “без маснотии” и “богата со магнезиум” се само некои од нутритивните предности на водата од уште зелените кокосови ореви. Кога ќе ги додадете на тоа ѕвездите како Ријана и Џесика Алба кои се колнат во нејзиното дејство, ќе добиете профитабилна индустрија. “Знаете сите колку е часот” кога Кока-Кола и Пепси се борат за своето учество во тој бизнис…

Вистина е дека кокосовата вода има свои предности, но многу е скапа. Една студија од 2012 година покажа дека овој “магичен пијалок” не е ништо подобар од обичната вода, па држете се до старата добра H2O.

vitaminised-water-0012. Витаминизирана вода
Витамини и водата – што тука може да биде лоша работа? Кока-Кола, исто така, смета дека тоа е одлична комбинација, па со додаток на шеќер ја продава од 2007 година.
Иако чудотворните својства на витаминизирана вода не се докажани, кој во нив би се сомневал кога ги рекламираат “експертитe” како Елен Денџери и Џенифер Анистон? И покрај нивните тврдења, до сега не е докажано дека витамините лекуваат нешто, освен егзотичните болести како што се бери-бери. Ако некогаш сте се разболеле од бери-бери, обезбедете витаминизирана вода, а до тогаш портокалот ви е доволен извор на витамини.

energetske-plocice-0013. Енергетски плочки
Рекламите во кои мускулести, тенки жени во спортските градници, грицкаат плочки и ветуваат младешки изглед, се одлична мамка за сите кои се борат со прекумерна тежина. За жал, поголемиот дел од тие производи се сѐ, само не здрава храна. Голем процент на масти, калории и темно чоколадо со премногу мал удел на антиоксиданси е грдата вистина зад зборовите “фитнес”. И не се лажете: шеќерот е шеќер, не е важно дали тоа е рафиниран бел или мед.

granola-0014. Гранола
Гранола – друг збор за здрава исхрана во форма на јаткасти плодови, дехидрирано овошје и цели житарки, спакувани во кутија на која е слика на полињата со жито и лажица мед – и шеќери, како и премногу масти. Една четвртина чаша гранола содржи четири грама шеќер и пет грама масти. Хм, здраво?…

%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%88%d0%b5%d0%bd-%d1%98%d0%be%d0%b3%d1%83%d1%80%d1%82-0015. Овошен јогурт
Додека обичниот јогурт е одлична намирница богата со протеини и бактерии кои го одржуваат вашиот имунолошки систем здрав, овошниот јогурт е една голема измама преполна со шеќери. Ако сакате да јадете јогурт со овошје, ставете овошје во јогурт.

%d0%b1%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%be-0016. Бадемово млеко
Откако во јавноста протекоа приказни во врска со ужасот кој се случува на фармите со крави, расцути млечната индустрија од растително потекло. Производителите на млеко од соја, коноп и други растенија почнаа многу добро да заработуваат пари на претпоставката дека млекото од здрави растенија е, исто така, здраво.

Но, дали е тоа така? Бадемовото млеко е составено главно од вода, во која е вмешана мала количина бадеми. Не звучи многу хранливо, зарем не? Калциумот и другите “здрави нешта” во оваа течност се додаваат подоцна и далеку се од “природен извор”.

Земете во предвид и дека за одгледувањето на бадеми се потребни огромни количини вода што бадемовото млеко го прави многу штетно за животната средина.

omega3-001

7. Храна збогатена со омега-3 масни киселини
Докажано е дека омега-3 масни киселини играат улога во намалување на ризикот од срцеви заболувања, рак, Алцхајмеровата и други болест опасни по живот, па не е чудно што големите корпорации веднаш почнале да додаваат омега-3 масти во своите прехрамбени производи. Проблемот е во тоа што тие не ги додале DHA и EPA “омега” туку АЛА омега-3 масни киселини, кои немаат никаков посебен ефект врз организмот.

Од време на време почестете се со лосос – едно парче риба има 100 пати повеќе добри “омеги”, отколку збогатените млека и јогурти, пренесува Rawstory.com.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...