Внимание! 5 забранети места на Земјата кои не се препорачуваат за патување | Фото/Видео

3681

Британската влада на Gruinard спроведе тестови на биолошко оружје, поради што овој остров ќе биде непогоден за живеење следните неколку стотици години.

Gruinard Island

Без разлика колку пари имате на располагање за патување, овие места подобро да не ги посетите, т.е. подобро да не се обидувате ни да помислите.

1. Островот Gruinard

Причина за забрана: Испитување на биолошко оружје

Британската влада во 1942 година го купи шкотскиот остров Gruinard за испитување на биолошки оружја, особено антракс. Поради експериментот од антраксот е загаден целиот остров кој предизвика смрт на 95 проценти од населението.

До осумдесеттите години овој остров се сметал за најсмртоносно место на земјата, а од 1986 година почнати се исчистења. Иако 1990 година е прогласен за безбеден, на Gruinard никој не сака да патува.

Експертите предупредуваат дека антраксот е впиен во земјата, поради што нема да биде прифатлив за живот неколку стотици години.

2. Островот Surtsey

Причина за забрана: Научни експерименти

Surtsey from maxeq on Vimeo.

Во водите околу Исланд во 1963 година еруптираше подводниот вулкан и во многу кратко време создаде нов остров со површина од 2,7 квадратни километри.

Веднаш го привлече вниманието на голем број научници од различни земји кои би сакале да го истражуваат формирањето на новиот остров, а именуван е по дивот со огнен меч во нордиската митологија Surtr. Од тогаш забранет е за јавност, но за научниците, не.

3. Островот Ilha da Queimada Grande

Причина за забрана: Отровни змии

Островот Ilha da Queimada Гранде е со површината од 0,43 квадратни километри, за се наоѓа на 35 километри од бразилскиот брег. Иако на прв поглед изгледа идилично, тој е дом на околу 4000 змии. Најотровната е златната змија (Bothrops insularis), чиј отров е пет пати посилен од другите отровници.

Со самото касање доаѓа речиси до моментална смрт. Баш поради овој факт бразилските власти забранија посета на овој остров.

Бразилските власти забранија посета на островот на змиите

4. Северен Сентинел Island

Причина за забрана: Опасни жители

Северниот Сентинел се протега на повеќе од 72 квадратни километри во Бенгалскиот Залив. Еден од Андаманиските острови, а на него жвиее примитивен народ Сентинел кои се во изолација од остатокот на светот последните 60.000 години. Активно ја бранат својата територија од било кои натрапници.

На пример, во 2004 година, со лакови и стрели го нападнаа хеликоптерот што индиската влада го испратила да испита дали на локалното население им е потребна помош по цунамито, а убиле и неколку заскитани рибари. Индиската влада го забрани пристапот до нив и нивната земја.

5. Големиот Светилиште на Ise

Причина за забрана: Куќа на религиско богатство

Големото светилиште Ise е шинтоистичко светилиште во истоимениот јапонски град кој е посветен на божицата Amaterasu-omikami. Во еден негов дел се наоѓа светилиштето Ise Jingu, кој наводно е дом на Светотот огледало едно од најсветите места на Шинто религијата.

Опкружени со висока дрвена ограда, а во него можат да влезат само високи свештеници и членови на царското семејство. За сите други пристапот е забранет.

Светилиштето е опкружено со голема дрвена ограда