Водич: Идеален костим за капење за девојки со облини

1297
Booking.com INT

Дознајте кои модели за капење најдобро ќе ги покрие вашите недостатоци и ќе ве претстави во најдобро светло, за безгрижно и трендовско лето…

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тешко е да се најде совршен костим за капење, а уште потешко е кога се борите со прекумерна тежина, која не сакате да ја покажете на плажа. Прво и основно правило, кога станува збор за изборот на костимот за капење за пополни девојки, е да заборавите на бикините – триаголници. Но, тоа не значи дека треба да се ограничите на моделите кои ги користат само постари жени или на едноделните костими за капење. Постојат многу опции со кои можете да ги покриете своите недостатоци и да ги нагласите добрите делови, кон што придонесува и можност за комбинирање на горниот и долниот дел во речиси сите продавници. Советуваме како да го најдете совршениот костим за капење, ако се борите со неколку килограми повеќе и сакате да избегнете незгоди на плажа, како што се врежување на ленти во кожата или испаѓање делови од телото кои треба да останат скриени.

Изберете горен дел кој има дополнителна потпора за гради
Веројатно ова веќе го знаете, но секако е важно да се напомене доколку не сте го знаеле. Кај костимот за капење важи истото правило како и за градниците, а најдобро ќе ви стојат моделите со вградена жица или дополнителен сунѓер. Не треба да купувате “премногу сериозни” модели, бидејќи речиси во сите high-street продавници постојат тренди и младешки верзии на овие градници.

купачи-001

Едноделен костим за капење е секогаш добар избор
Едноделните костими за капење и бездруго се ИН и продавниците се полни со убави модели. Постојат различни варијанти на едноделни костими за капење – кои го покриваат целиот труп или пак оние со дупки, па можете да изберете модел кој го открива делот од телото кој сакате да го покажете. а во нив да се чувствувате најдобро.

купаци 2-001

Типови кои се врзуваат високо околу вратот
Горниот дел од костимот за капење, кој не открива деколте е вашиот најдобар пријател. Особено е практичен за девојки со поголеми гради, а освен што визуелно ќе ги намали, ќе избегнете и несакани катастрофи, како ѕиркање на некои делови од телото кои треба да останат скриени. Затоа, за безгрижен ден на плажа, изберете горни делови кои се врзуваат високо околу вратот.

купачи 3-001Долен костим за капење со висок струк
Долниот дел од костимот за капење со висок струк ќе ви подари ретро изглед на плажа, ќе ги покрие мастите на стомакот и визуелно ќе го израмнат. Многу брендови продаваат одделно костими за капење, па ако пронајдете совршен долен дел со висок струк, спарете го со горен дел со кошнички или со висока крагња и ќе се чувствувате одлично и самоуверено.

купачи 4-001

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...