Возачите на моделите на Ауди“ пократко ќе се задржуваат на семафори

1137

„Ауди“ е првиот производител на автомобили што на купувачите во САД ќе им понуди технологија за комуникација на неговите возила со семафорската инфраструктура.

Возачот на нивните модели во секој момент на инструмент таблата ќе има информација за тоа кое светло го очекува на следниот семафор, како и за тоа по колку секунди сигналот ќе се промени. Ова е овозможено благодарение на таканаречената „V2I“ технологија, која во реално време ќе обезбедува комуникација меѓу компјутерот во автомобилот со централниот систем што се грижи за работата на семафорите во градот.

Засега системот е во функција само во Лас Вегас, а „V2I“ технологијата ќе им биде понудена како опција на купувачите на „Ауди А4“, „Ку 7“  и „Олроуд“моделите на германскиот производител, кои ќе се претплатат на состемот „Ауди Конект Прајм“.

loading...

Возачот на тој начин пред наидување на семафор на екранот на инструмент таблата и/или „head-up“ дисплејот , ќе добијат информација дали е вклучено црвено светло и колку време има додека не се промени во зелено.

Како што наведуваат во „Ауди“, тоа ќе овозможи возење со помалку стрес, но ќе биде и помош за возачот со евентуално намалување на брзината да избегне запирање на семафорот, и низ крстосницата да мине кога веќе ќе биде вклучено зеленото светло.

Меѓутоа, ова е само првото скалило кон целосно автономно возење на автомобилот, објаснуваат од германската компанија. Следниот чекор е системот да се поврзе со навигација, така што компјутерот ќе може да го наведува возачот да се движи по трасата на која го очекува помалку запирање на црвено светло на семафор.

На овој начин, проточноста на сообраќајот ќе се подобри, а ќе се намалат загадувањето на околината и сообраќајните труканици низ градот, тврдат во „Ауди“.

За да можат да ја користат оваа технологија купувачите ќе мораат да доплатат по 199 долари за половина година или 499 долара за 18-месечен период на употреба.

loading...