Возење во најновиот забавен парк во Шангај | Видео

305

Во оваа видео-снимка имате прилика да погледнете како изгледа возењето во најновиот забавен парк на Дизни во Шангај, кој се уште официјално не е отворен. 

Иако се најавува дека паркот ќе биде отворен кон средината на јуни, на посетителите им е дозволено да влезат и да разгледаат наоколу, да видат што ги очекува од возењата низ гусарските води, пештерите и темните предели.

Турата официјално се вика „Pirates of the Caribbean: Battle for the Sunken Treasure”, а посетителите пловат со чамец додека слушаат пиратска музика и минуваат низ инсталации, кои ќе ги потсетат на сцени од претходните филмови за Пиратите од Кариби, но ќе имате прилика и да видите некои нови работи.

loading...

loading...