Волшебната Норвешка видена од поинаква перспектива

440
Booking.com INT

Гледањето фотографии што нашите пријатели и познаници ги правеле на патувањата е доволно да се почувствуваме жал што не сме на нивно место. Најновата кампања, сепак, направи голем број на вљубеници во патувањата да им бидат љубоморни на – овците.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Кампањата „Посетете ја Норвешка“ (Visit Norway) ги следи животите на петте овци: Хајди, Ерик, Дрифа, Ларс и Кари, а на социјалните мрежи под хаштагот може да се видат нивните фантастични авантури во оваа волшебна земја.

Авторите на компањата ги охрабруваат туристите да ги објавуваат своите фотографии од преубавите предели каде уживале заедно со овците и истакнуваат дека секоја година околу два милиони овци слободно талкаат по фјордовите, планините и полињата на Норвешка.

Не е необично туристите во текот на планинарењето да наидат на овие прекрасни животни, а на сајтот на Норвешката алпинистичка асоцијација е можно да се открие каде и кога на есен можете да им се придружите на фармерите во враќање на стадото од планините.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...