ВООПШТО НЕ ОХРАБРУВА | Поразителна студија

2004
Booking.com INT

Околу 300 милиони луѓе ширум светот живеат со смртоносниот вирус Хепатит Б (HBV), но само секој 20-ти добива соодветна терапија, објавиле научниците.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Кога станува збор за мајките кои го носат вирусот, а кој може да се пренесе на децата, односот е многу позагрижувачки, бидејќи изнесува 1: 100, пишува медицинското списание The Lancet Gastroenterology & Hepatology.

Доколку не се лекува, вирусот HBV може да предизвика сериозни заболувања на црниот дроб, вклучувајќи го и ракот.

Се проценува дека секоја година 600.000 луѓе умираат од заболувања на црниот дроб поврзани со хепатит Б, со што HBV станува поголем убиец и од маларијата.

HBV тестот е достапен од почетокот на 1970-тите, но дијагностициран е дури секој десетти носител во светот.

Вирусот е многу заразен и се пренесува преку инфицирана крв или други телесни течности и главно се пренесува од мајката на децата или помеѓу децата.

Нема лек за болеста, но антивирусните лекови се покажале ефикасни за симптомите.

HBV вакцината е достапна уште од почетокот на 1980-тите.

Од 1992 година во сила се и препораките на Светската здравствена организација (WHO) дека првата доза од вакцината се дава 24 часа по раѓањето на бебето, но само половина од новородените навистина се вакцинирани во тој период.

– Поголемиот дел од пренесувањето на вирусот од мајка на дете се случува во деновите по раѓањето, па така ова првата доза е од витално значење – рече Homie Razavi, виролог во Центарот за анализа на болести во Денвер, Колорадо.

“Сите деца треба да ја добијат спасоносната вакцина по раѓањето, но ја добиваат само половина од нив”, додаде Razavi.

Од 16 земји, кои сочинуваат повеќе од 80 проценти од децата заразени со вирусот на возраст од пет години, само Кина ја зголеми вакцинацијата при раѓање на 90 проценти. Половината од другите земји допрва треба да ја спроведат таквата политика.

Razavi и неговиот тим ги анализирале податоците од 435 студии и трудови на повеќе од 600 домашни експерти и заклучиле дека во 2016 година 292 милиони лица живееле со вирусот на хепатит Б, што е речиси четири проценти од вкупното население.

Вирусот е најчест во Источна Азија и супсахарска Африка, а на пример во Централна Африканска Република, зачестеноста е висока од 12 проценти.

Кина, Индија, Нигерија, Индонезија и Филипините учествуваат со речиси 60 проценти од сите инфекции.

– Оваа студија покажува дека не се обрнува квалитетно внимание на лекувањето на HBV и во тие цели не се издвојува соодветна сума на пари – напиша Geoffrey Dusheiko UCL Medical School and Kosh Agarwal од болницата King’s College, и заклучува дека “потребно е да се подигне ниво на свесноста на HBV како што е и подигната за вирусот HIV, кој предизвикува AIDS.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...