Воспитен стил прилагоден на фалбаџиското дете

1112

Главна карактеристика на фалбаџиските деца е несигурноста, бидејќи фалењето е секогаш предизвикано од потребата на детето да се претстави поинакво, отколку што е, тврдат психолозите

Детето фалбаџија е несигурно во себе и мисли дека мора да измислува за да го прифати околината, па затоа би сакало да биде попаметно, поголемо, повешто…

Треба да се направи разлика меѓу фантазирањето, кое е изразено кај малите деца и кое е израз на креативноста и фалењето, кое почнува во првите одделенија од основното училиште.

loading...

Границата меѓу фалењето и лажењето е тенка, но е препознатлива. Имено децата фалбаџии се обидуваат себе си да се претстават во поинакво светло поради внатрешното чувство на несигурност, додека оние кои прибегнуваат кон лажење тоа го прават од други причини (избегнување на казна, заташкување на непријатната вистина).

Следуваат неколку совети за тоа како родителите можат да му помогнат на детето, кое е фалбаџија.

Самодоверба
Најбрзо ќе го искорените фалењето, доколку ја промените несигурноста кај детето и му ја зајакнете неговата самодоверба. Дадете му до знаење дека го сакате такво какво што е. Децата, кои во реалниот живот имаат доволно признанија не мораат да бегаат во светот на соништата.

Примери
Побарајте позитивни и негативни примери на фалење, фантазирање, лажење…во вашето секојдневно опкружување, но и во ликовите кои детето ги гледа во своите омилени цртани филмови, сликовниците…Важно е да ги сфати последиците кои можат да настанат, доколку вистина се заобиколува на каков било начин.

Поддршка за вистината
Овозможете му на детето што е можно повеќе прилики за изразување на сопствените ставови и емоции. Поттикнете го полемизирањето и вербалниот судир, со цел детето да се увери дека има право на став различен од вашиот или другите луѓе, а дека изразувањето на тој став, не само што не мора да има негативни последици врз него, туку напротив. Со текот на времето детето ќе сфати дека нема потреба од фалење или измислување, бидејќи ќе стекне искуство дека неговото семејство повеќе го поддржува неговиот личен, искрен став, отколку измислениот.

Вашиот пристап
Во зависност од возраста на детето и степенот на неговото фалење, проценете дали на неговото однесување повеќе ефект ќе има игнорирањето или отворениот разговор.

loading...