Во врска со милионер | Ги открила сите тајни на харемскиот живот | Видео

1811

“Бев љубовница на трговец со оружје. Чекав на ред за секс и уживав во кокаинот”.

Бев љубовница на милијардер и трговец со оружје, со него потпишав договор дека секогаш ќе му бидам на располагање, но никогаш не се сметав за проститутка. Тоа е во најкратки црти пресек на животот на поранешната манекенка Jill Dodd која за време на гостувањето во емисијата “60 минути” ги открива сите тајни на својата бурна врска со маж, кој се сметал за еден од најбогатите луѓе во светот.

Jill Dodd е навидум обична 58-годишна жена, успешен претприемач и мајка на три деца, но таа цврсто решила дека од турбулентното минато исполнето со задоволства, секс и дрога нема да се срами.

Поточно, Jill во осумдесеттите години била дел од харемот на контроверзниот шеик и трговец на оружје Adnan Khashoggi за што напишала и книга. Сите тајни на раскалашениот живот во нејзината младост одлучила да ги открие кога во шоуто “60 Minutes”.

“Шеикот го сретнав во Кан на забава кога имав само 21 година. Тој ми се претстави така што си ја исече раката и со сопствената крв на мојата рака напиша “Те сакам”. Бев шокирана, но, истовремено тоа беше духовно и слатко”, признава Jill.

Khashoggi тогаш веќе бил оженет, но имал право на 12 жени “за задоволство” покрај неговата законска сопруга. Jill наскоро станала дел од неговиот харем. Живеела во Саудиска Арабија во неговите луксузни живеалишта и таму чекала на ред за сексуален однос со трговецот на оружје.

Adnan и Jill Dodd во Nairobi, Kenya, 1980

Пред било каква врска Khashoggi и Dodd потпишале договор на пет години, а таа се обврзала да му биде на располагање 24 часа на ден.

“Сепак, никогаш не се сметав за проститутка”, вели Jill.

Често оделе на гламурозни забави со политичари и членови на кралски семејства, а честопати на тие забави уживале во дрога.

Реклами и списанија за кои Џил Дод позирала

“Повремено користевме кокаин. Тогаш со денови бевме заклучени во собата, водевме љубов, јадевме, а нашиот личен готвач нѝ готвеше храна”, опишува Jill, додавајќи дека верува дека била вљубена во него.

Без оглед на тоа, таа одлучила да го остави седум години подоцна и целосно да го сврти својот живот во друга насока.

Сега е мајка на 32-годишен син и две ќерки, на возраст од 22 и 17 години, и живее во Марин Каунти, Калифорнија, со својот трет сопруг Џеф со кој е во брак 18 години. Основала популарен бренд за облека, “Roxy”, од кој и денес заработува.

Khashoggi починал во јуни оваа година, неколку дена откако Jill ја објавила книгата за својот живот во харемот “Цена на љубовта: Храбро патување за наоѓање на љубовта”.

loading...