Во вселената постојат миријарда напредни цивилизации

2939
Booking.com INT

Шансите дека ние луѓето на Земајта сме првата технолошки напредна цивилизација во вселената се занемарливо мали, покажа едно од поновите американски истражувања.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Научната работа, објавена во списанието „Astrobilogy“, подразбираше осовременување на славните Дрејкови изедначувања од 1961 година за веројатноста дека постојат вонземски цивилизации, за во нив да се вклучат новите податоци што ги имаме за потенцијално населивите планети.

Истражувањето заклучува дека во вселената речиси сигурно постојат милијарда други цивилизации.

напредни цивилизации3

Лидерот на истражувањето, Адам Франк, професор по физика и астрономија на Универзитетот во Рочестер, вели дека дури и во случај цивилизацијата да се воздигнала на само една од билион планети, сигурно е дека откако е настаната вселената постојат повеќе од 10 милијарди технолошки напредни општества.

Франк, кој проценува дека шансите да сме првата таква цивилизација која се развила во овој дел од универзумот се еден спрема 10 милијарди билиони, своите пресметки ги нарекува „археолошки облик“ на Дрејковите изедначувања, бидејќи се претпоставува дека во историјата на вселената веројатно се исчезнати милијарди интелигентнии видови.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...