Во Грција исчезна турска дипломатска двојка

931
Booking.com INT

Во Грција исчезна двојка турски дипломати, кои се осомничени за членство во Фетхулахстичката терористичка организација (ФЕТО), јави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на неименуван дипломатски претставник.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Турските власти од вторникот немаат контакт со двојката Мухамед Т. и Џејда Т, кои работат во Конзулатот на Турција во Солун во последните 18 месеци како заменици-конзули, изјави денеска неименуваниот дипломатски извор.

Солун

Тој додаде дека двојката, чии пасоши се поништени, ја напуштиле Грција и не е познато каде се напѓаат.

ФЕТО и нејзиниот лидер Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД, се обвинети за обидот за државен удар во Турција во 2016 година, при пто загинаа 249 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...