Во Дубровник ќе се снима трилогија за „Робин Худ“

721

Во Дубровник во тек е поставување на кулисите за филмот „Робин Худ: Ориџинс“, чие снимање почнува во втората половина на февруари 2017 година.

Станува збор за трилогија во која Дубровник ќе го претставува средновековниот град Нотингем, а снимањето ќе се одвива на Страдун, кај Катедралата, во подножјето на тврдината Минчета која е симбол на градот.

Буџетот за првото продолжение на овој филм изнесува 90 милиони долари, додека за маркетинг и промоција се планирани уште 100 милиони долари, пренесе Хина.

loading...

Како што се најавува, во Дубровник ќе пристигнат и неколкумина оскаровци, меѓу кои се Џејми Фокс. Робин Худ ќе го глуми Тарон Еџертон, додека улогата на Марион и припадна на Ирката Ева Хевсон.
dubrovnik-robin-hood1-001

Како продуцент во филмот учествува и славниот актер Леонардо ди Каприо.

loading...