Во Индија има 21 милион несакани девојчиња

1293
Booking.com INT

Околу 21 милион девојчиња во Индија се несакани и добиваат помалку средства, затоа што нивните родители сакале да имаат син, објави денеска индиската Влада. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Таа констатација е содржана во годинешниот извештај за состојбата на индиската економија. Во извештајот оваа година има цело поглавје посветено на прашањето за жените. Ова се случува за првпат. Поглавјето е наречено „Јас, исто така“, исто како и меѓународната кампања против сексуалното вознемирување на жените, а документот е со розова корица.

Индија е на пат да ја врати позицијата најбрзо растечка економија во светот, но економскиот развој не е противотров на несиметричниот сооднос меѓу половите во државата, на листата на жени на пазарот на трудот и на слабото користење на контрацептивни средства, се констатира во анализата.

Во него се вели дека во Индија и покрај забраната, продолжуваат да се прават абортуси на полов принцип, при што се абортираат девојчиња. Освен тоа, родителите не се откажуваат од зачнување се додека не им се роди син и тоа довело до 21 милион несакани девојчиња кои добиваат помалку средства од своите родители, само затоа што не се синови, за кои родителите имале толку голема желба, се вели во студијата.

Многу родители во Индија претпочитаат да имаат син, затоа што синовите можат да го наследат имотот, додека за ќерките треба да се  плаќа мираз кога се мажат.

Само 24 проценти од жените во Индија работеле во период од 2015 до 2016 година, а речиси 47 отсто од жените не користеле никакви контрацептивни средства, се вели во студијата.

Во студијата се повикува срамната категорија на несакани девојчиња да остане минато.

Аналитичарите ги поздравија наодите во извештајот за жените, но повикаа на повеќе дејствија од страна на владата за да се обезбеди еднакво право за жените. Тие рекоа и дека треба да се зголемат напорите за намалување на насилството врз жените. Аналитичарите потенцираат дека речиси две третини од индиските жени, кои завршиле колеџ, немаат работа. Според податоците на Светската банка нивото на учество на жените на пазарот на трудот во Индија е меѓу најниските во светот.

МИА

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...