Во која положба спиете? Тоа може да открие што РАБОТИТЕ и колку ПИЕТЕ

1808

Луѓето со завршен факултет почесто спијат на левата страна, оние кои ја претпочитаат десната страна почесто се тешки пушачи, додека во позицијата на ѕвезда обично спијат самци.

Поза во која спиеме може да ја открие вашата возраст, работата со која се занимавате и колку добро сте се одмориле, открила новата студија на 5000 луѓе која ја спроведе производителот на душеци Sealy, пишува Daily Mail.

Се покажало дека луѓето кои спијат на десната страна, почесто се пушачи и големи љубители на кафето. Оние кои најмногу пијат алкохол спијат на стомакот. Комуналните работници обично немаат мир да спијат цела ноќ во една позиција и тие најчесто ја менуваат.

loading...

Најдобро се одмораат оние кои спијат на страна, особено оние кои лежат на левата страна, бидејќи тогаш протокот на кислород е најдобар, а телото најдобро заронува во длабоката РЕМ фаза. Но, експертите, исто така, истакнуваат дека спиењето на грб е клучно за добар одмор.

Проверете што сè за вас открива позицијата на која спиете

На лева страна

Ова е најпопуларна поза и во неа спијат најмногу луѓе, 36 проценти. Речиси половина од луѓето кои спијат на овој начин работат во маркетинг и рекламирање, додека 37 проценти од нив се градски и здравствени работници. Повеќето од нив се помеѓу 45 и 54 години.

Една четвртина од нив дипломирале на факултет. Околу 23 проценти од „левите спијачи“ изјавиле дека редовно добро спијат.

На десна страна

Спијат околу 34 проценти од луѓето, најчесто се меѓу 35 и 44 години, а повеќето од нив работат во производството или сообраќајот, додека 15 проценти се вработени во фабрики.

Помал број од нив (7 проценти) се тешки пушачи.

На стомак

Секој осмиот човек спие на стомакот секоја вечер. Тие се покажале како најголеми љубители на алкохол и секојдневно испиваат околу шест големи чаши пиво.

Ова експертите го сметаат за најнеудобна поза за спиење. Само 21,5 проценти можат добро да се наспијат на тој начин. Обично се помеѓу 45 и 54 години. Повеќето од овие испитаници работат во рибарска индустрија и земјоделството.

Ги менувате позите

Отприлика секој десетти човек не може да се одлучи како сака да спие и повеќето од нив се жени. Овие луѓе обично вршат комунални активности поврзани со електрична енергија и вода. Една четвртина од нив редовно се будат наспани. Најчесто се помеѓу 35 и 44 години.

Како ѕвезда

Со раширени раце и нозе и на грб главно спијат луѓето без партнер, кои едноставно имаат простор за оваа поза. Повеќето од нив работат во логистиката и сообраќајот, а шест проценти во други индустрии. Повеќето луѓе се на возраст меѓу 25 и 34 години. Помалку од една третина од нив рекле дека редовно добро спијат.

loading...