Во Мексиканскиот залив има “езеро под морето” – кој заплива во него жив не излегува | Видео

856

Во Мексиканскиот залив има посебно “езеро”. Секој што влегол во ова езеро на дното на морето ќе доживее ужасна судбина, пишува Science alert.

Erik Cordes, професор по биологија на Универзитетот Temple, го истражувал ова езеро и ги опишал наодите во списанието Oceanography.

“Тоа е едно од најневеројатните откритија во морето. Нурнете длабоко во океанот, на самото негово, и можете да видите езеро како лебди. Се чувствувате како да не сте на овој свет”, рече Cordes.

Водата во “езерото на дното на морето” дури пет пати е по солена од водата што го опкружува. Исто така, содржи големи и опасни количества на метан и водородов сумпор и затоа не се меша со водата што го опкружува.

За луѓето и животните кои се обидуваат да влезат во ова езеро, овие токсични концентрации на гасови можат да бидат смртоносни. Само бактерии можат да преживеат во вакви услови.

loading...