Во музеј во Турција изложен Куран стар 800 години 

292

Во Музеј во северниот турски град Токат е изложен Куран стар 800 години, што претставува досега најстар примерок на светата муслиманска книга поставен во музеите во азискиот дел на Турција.

Книгата е откриена во реонот на Токат во 2010 година, по што е започнат процес на нејзина реставрација.

На страниците на примерокот на Куранот е наведено дека тој е напишан во 1190 година.

“Овој Куран е најстариот пишан труд изложен во секој музеј во Анадолија”, рече директорат за култура и туризам Adem Çakır за државната агенција Анадолу.

“Ова еден многу редок примерок. Преводот на арапските стиховиви е исто така вклучен под текстот на екранот”, рече Çakır.

loading...