Во неговите фустани секоја жена изгледа како милион долари | Го обожуваат најпознатите дами на Холивуд!

747
Booking.com INT

Креациите на Jonathan Simkhai ги носеле некои од најдобрите супермодели на денешницата. Се појавувале на црвениот тепих, го привлекувале вниманието на големите настани и на модните писти на Модната недела во Њујорк.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Моделите и реалити ѕвездите го сакаат. Ако на тоа ја додадете и добиената CFDA награда, лесно е да се заклучи дека дизајнерот Jonathan Simkhai еднакво го сака и модната елита.

Дизајнерот последните три години жари и пали со модната сцена, најмногу поради своите посебни фустани кои ги лансира од сезона во сезона.

Simkhai

Креациите на Jonathan Simkhai ги носеле некои од најдобрите супермодели на денешницата. Се појавувале на црвениот тепих, го привлекувале вниманието на големите настани и на модните писти на Модната недела во Њујорк.

Љубов кон модата Jonathan Simkhai почнал да ја забележува и пред да знае дека сака да биде дизајнер. Помеѓу дружењето со мајка му во продавницата и помагањето на девојката во шопинг, почнал и самиот да ја развива својата смисла за мода.

Simkhai 6

Овој моден креатор за време на студентските денови сфатил дека сака да ги облекува жените и да прави да се чувствуваат што е можно најдобро. Во 2010 година тој го основал женскиот моден бренд инспириран од модата за мажи.

Со бришење на половите граници Џонатановата визијата на софистицирана и модерна жена растеше секоја сезона, а неговите креации ги препознале луксузните модни куќи како што е Barneys во Њујорк.

Simkhai 4

Како вистинска отскочна штица за Jonathan Simkhai се покажа забавата на актерката Drew Barrymore по повод веридбата, на која неговата облека, освен гостите, ја носеше и самата актерка, по што неговото чувство за стил наскоро ги освои бројните ѕвезди и трендсетерки.

Визијата на Simkhai е облекување на модерните жени кои немаат стандардни манекенски мерки, но кои сакаат да изгледаат како штотуку да се симнале од писта. Во модните играрии на границата помеѓу секси и спортскиот дух на облекување, неговите креации успешно ја издржуваат конкуренцијата.

Simkhai 3

Една од карактеристиките на креациите на Simkhai е да со леснотијата можат да се стилизираат со обичен пар бели патики, каде што се создава контраст на женствените детали на фустаните.

Токму така стилизиран аутфит презентираше во колекцијата за пролет-лето на Модната недела во Њујорк.

Simkhai 1

Покрај тоа што фустаните на Simkhai можат да се видат во свечени прилики, оваа година се покажале како одличен избор за новата фестивалска сезона, па познатите девојки ги носеле на најпознатиот музички фестивал – Coachella.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...