Во Париз наскоро ќе заплови водено такси | Видео

393

Француската стартап компанија Си Баблс е креатор на новиот прототип „воден летечки автомобил” кој наскоро би требало да заплови низ Париз како такси на американската компанија Убер.

Возилото е опремено со хидроглисери, а во вода развива и до 30 километри на час. Но, најновиот прототип, поради што тоа го доби и епитетот „летечко“, е оспособен и да „лебди“ неколку сантиметри над водата, што може дополнително да ни заштеди време.

Таксито ќе биде претставено на конференцијата на Вива Технологија во Париз идниот месец. За негово усовршување, на компанијата ќе и бидат донирани уште 10 милиони евра од француската осигурителна група МАИФ. Најавена е и финансиска помош од американскиот град Сан Франциско.

loading...

Се предвидува воденото такси во иднина да биде достапно во сите градови во Франција низ коишто минува поголема река.

loading...