Во последното пештерско село во Кина се уште живеат околу сто луѓе | Фото

900
Booking.com INT

Се верува дека селото Жонгдонг во провинцијата Гуижоу во Кина е населено во текот на целата година, а неговата спеифичност е тоа што се наоѓа внатре во природна пештера каде живеат околу сто жители.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Жонгдонг2

На 1.800 метри надморска височина до пештерата може да се дојде по еден час пешачење, а поради таквата непристапност, заедницата која живее внатре мора да се бори за опстанок.

Жонгдонг3

За работата да биде уште полоша, Владата истакна дека „Кина не е општество на пештерски луѓе“ и  го затвори училиштето во селото, кое почна да работи во почетокот во 2011 година.

Жонгдонг4

Децата сега мораат да пешачат и до два часа секое утро и навечер за да посетуваат настава во друго училиште. Во пештерата имаат дури и кошаркарски терен.

Жонгдонг5

Со цел подобрување на животниот стандард  на селаните, старите луѓе се обидуваа да лобираат кај локалната самоуправа да се изгради пат, кој би ја поврзувал пештерата со постоечката инфраструктура.

Жонгдонг6

Жителите на селото Жонгдонг повремено имаат пристап до телевизија и весници и се додека е така селото и натаму во голема мерка ќе биде исклучено од надворешниот свет.

Жонгдонг1Жонгдонг7-001Жонгдонг8-001

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...