Во Русија замрзнуваат неизлечиво болни луѓе со надеж дека некогаш ќе се најде лек за нив | Фото/Видео

8217

Пеесет и едно лице, кои страдаат од некоја неизлечива болест, моментно се замрзнати во специјалните комори на рускиот центар „Крио-Рус”, со надеж дека во блиска иднина за нив ќе се најде лек, јави телевизијата „Раптли“.

Постапката се нарекува криоконзервација, а компанијата која го изведува тоа се појави на рускиот пазар пред 11 години. Тоа е првата компанија вон САД, којашто врши криоконзервација, како на животни, така и на луѓе.

Овој процес станува се попопуларен во светот. Крио-замрзнувањето се постигнува со помош на течен азот и други специјални течни средства. Телата потоа се чуваат во контејнери, кои личат на голем термос.

(Пред месец дена објавивме вест за една млада Британка која беше замрзната според специјална постапка. Еве ја таа сторија.)

http://5.9.225.129/~kukuriku/%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B2/

Во моментов руската компанија има склучено над 150 договори за замрзнување во случај на болест, за којашто во сегашноста не постои лек.

%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%be-%d1%80%d1%83%d1%811

Сепак, се уште не е откриено дали човек кој бил замрзнат може да „воскресне“ потоа, иако науката, односно научници од американскиот институт „21 Сенчури Медисин“ успеаја да замрзнат и одмрзнат мозок на зајак.

loading...