Во Сибир регистриран случај на вонматерична бременост со среќен крај

765

Во Сибир неодамна беше забележан несекојдневен случај на вонматерична бременост, кој вообичаено завршува со индуциран абортус, но овојпат бебето преживеа.

Украинска доселеничка од Донбас успеа да ја помине бременоста без ниеден лекарски преглед.

Првично, родителите одлучиле пордувањето да го извршат дома. И, на почетокот се било како што треба, но тогаш контракциите станале посилни и почести, па наеднаш престанале. Тогаш се упатиле кон најблиската болница каде лекарите препорачале итна операција.

loading...

– Сфативме дека операцијата е успешна кога бебето почна да плаче. И мајката и ќерката се стабилни и здрави, изјави еден од лекарите.

Бебето е во добра состојба, и го крстиле Вероника („онаа која носи победа”).

loading...