Во Скопје 10 сообраќајки, пет лица полесно повредени

294

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле десет сообраќајни незгоди. Во пет сообраќајки полесно биле повредени пет лица, а во пет сообраќајки е причинета материјална штета. 

Како што соопшти СВР Скопје, санкционирани се 10 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Двајца возачи поминале на црвено светло на семафорот, а имало 39 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

loading...

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстрането е 51 возило.

Одделението за превенција денеска заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“ пред ТЦ „Автокоманда“.

Во средните училишта во Град Скопје денеска Одделението за превенција ќе продолжи со предавањата на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“. Предавањата се наметени за матурантите и за учениците од трета година.

loading...