Во сообраќајка повредени девет лица од кои шест полицајци

336

Девет лица се повредени од кои шест полицајци во сообраќајка која се случила ноќеска на булеварот „Партизански Одреди“.

Како што информираа од МВР 30 минути по полноќ на булеварот „Партизански одреди“, во близина на крстосницата со булеварот „8 септември“ се судриле патничко возило марка „пинц“ сопственост на МВР со ауди. Во сообраќајката биле повредени девет лица од кои шест се полицајци.

По укажаната лекарска помош повредените биле пуштени дома.

loading...