Во Украина родено бебе со тројца родители

1822

Првото бебе во светот зачнато со пронуклеарен трансфер, нов начин на вонтелесно оплодување каде наместо стандардните два, учествуваат три донатори, родено е во Украина на 5 јануари.

Девојче кое го доби претходно неплодна двојка, сепак не носи ДНК материјал на три лица, јави Би-Би-Си.

Тим од клиника во Киев оплоди мајчина јајце-клетка со сперма од таткото и потоа комбинирани гени прерфли во јајце-клетка земена од трет донатор, па така детето има генетски материјал на своите родители со мала количина ДНК од друга жена.

Ова девојче иако е прва зачнато и родено токму со овој метод, не е прво „модерно бебе со три родители“ во светот со оглед на тоа дека минатата година во Мексико е родено дете за чие зачнување е користена поинаква метода.

loading...