Во што грешат родителите на тинејџерите?

5927

Преголемата контрола, како и преголемата слобода се еднакво погубни во воспитувањето на децата особено во раната младост.

Родителите најмногу грешат кога покажуваат многу малку интерес за активностите со кои се занимаваат нивните тинејџери, кога недоволно ги фалат и им покажуваат љубов, кога немаат време за нив, ги омаловажуваат или им поставуваат преголеми барања не почитувајќи ги нивните чувства.

Грешат и кога и самите не се „пример“ и не можат да се изборат со пороците и лошите навики, кога се подредуваат со материјалната добивка или ги оптоваруваат со нивните животни проблеми.

Родителите кон тинејџерите би требало да се однесуваат со повеќе суптилност, затоа што младите во овој период почнуваат да размислуваат на друг начин, согледувајќи дека нивните родители не се совршени и без гревови, истакнуваат психолозите.

Во суштина малку може да се стори на „превоспитувањето“ на тинејџерите. Но може да се разговара под услов претходно родителот да се вооружи со трпеливост и да почека тинејџерот сам да излезе од тој чуден свој обоен „микросвет“.