Во јавноста протекоа фотографии од болница на кои се гледа како медицински сестри се изживуваат на бебиња

4351

“Тоа е неприфатливо. Тие повеќе не се … “

Две медицински сестри од Воената болница во Џексонвил беа избркани од работа откако во јавноста биле објавени фотографии кои сведочат за нивниот нехуман третман со бебињата.

Фотографиите првично беа поставени на Snapchat, но подоцна се појавиле и на Фејсбук, затоа што загрижените луѓето сакале да ја алармираат јавноста за овие неприфатливи постапки.

На една фотогарфија се гледа медицинска сестра која покажува среден прст, а во потписот под сликата пишува:

– Вака се чувствувам сега, благодарение на овие мали Сатани …

На друга фотографија, можеме да видиме една медицинска сестра која бебенцето го држи под рацете, а луѓето кои ја поставиле сликата на Фејсбук тврдат дека тоа е само кадар од видео, во кое таа девојчето го принудува да “танцува” на рап музика.

Тие две фотографии споделени се неколку стотици илјади пати, предизвикале огромен гнев кај корисниците на социјалните мрежи, многу коментари на осуда, по што веднаш следела реакција на управителот на болницата. Во соопштението се вели:

– Свесни сме за фактот дека целосно е неприфатливо видеото и фотографиите споделени на социјални мрежи. Тоа е неверојатно непрофесионално и не смее да се толерира. Утврдивме за кои луѓе се работи и тие се веќе отпуштени од своите работни места и веќе нема да бидат во контакт со пациенти. За нив сега се грижи правниот систем и воениот суд.

loading...