Временска прогноза за 09.04.2017 година

266

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

loading...

Во наредните денови дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во понеделник ќе се движи од 16 до 23, а во вторник од 19 до 24 степени.

loading...