Временска прогноза за 12.11.2016 година

939

Времето  во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Од недела следува период на променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата.

loading...