Временска прогноза за 23.05.2017 година

874

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога ќе има услови за локално невреме со град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има утре. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време.

Од петок до недела ќе има повеќе сончеви периоди, а врнежите ќе бидат послаби и полокални.

loading...