Временска прогноза за 27.04.2017 година

670

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од два до 27 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 27 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен вдолж Поварадарието. Температурата ќе биде во пораст. Потоа облачноста ќе се зголеми, а најоблачно преку целиот ден ќе се задржи во сабота, додека во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди.

Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.

Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден.

Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.

loading...