Временска прогноза за 30.11.2016 година

1256

Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува  умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура од минус 8 до минус 2, а дневната од минус 2 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура до минус 3, а дневната ќе достигне до 3 степени.

Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури  особено во четврток кога на повисоќите места ќе се спуштат и под -10 степени.

Дневните температри до петок ќе бидат во благ пораст. Во петок и во недела ке има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.

loading...